МВР информира дека вчера во 13:45 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го уапсиле О.С.(37) од Скопје.
Претходно, 62-годишен скопјанец пријавил дека најпрвин во неколку наврати го измамил за сума од над 7.000 евра за наводно посредување на царинска документација за внес на патничко возило од странска земја, по што почнал да го избегнува оштетениот.
Откако увидел дека е измамен ги побарал парите што му ги дал, по што О.С. физички го нападнал и во неколку наврати му упатувал закани. По целосно документирање на случајот, Единицата за насилен криминал ќе поднесе соодветна кривична пријава.
