По фијаското и елиминацијата од Хапоел Бер Шева во квалификациите во Лигата на шампиони Црвена Звезда ја информираше јавноста дека има нов тренер по оставката на досегашниот стратег Дејан Станковиќ.
Нов тренер на Црвена Звезда ќе биде шпанскиот стручњак, Алберт Риера, човекот кој заврши извонредна работа на Балканот предводејќи го Целје, а кој со „црвено-белите“ ставил параф на двегодишен договор.
– Нема предавање, пристигнува „тики-така“, – порачаа од Звезда во најавата за младиот шпански стручњак.
Раководството на Црвена Звезда сакаше да го ангажира Риера и на крајот на минатата година, но патиштата им се спојуваат осум месеци подоцна и тоа во вид на шок-терапија која треба да влијае позитивно врз тимот кој е предодреден да доминира во српскиот фудбал.
