По елиминацијата од Мастерсот во Синсинати Новак Ѓоковиќ изјави дека има здравствен проблем кој го мачи во последните неколку години.
Ѓоковиќ загуби од Тијаго Агустин Тиранте во второто коло со резултат 2:1 (6:2, 4:6, 4:6), а за време на натпреварот повраќаше и видливо се мачеше да дише поради екстремната влажност.
„Му честитам на мојот противник. Искрено, ова воопшто не беше пријатен натпревар за мене. Така се чувствував. Не е прв пат, претпоставувам дека нема да биде ни последен, но што има, има“, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата по натпреварот.
Ѓоковиќ беше прашан дали условите за игра му предизвикуваат тешкотии.
„Тоа е едноставно здравствен проблем што го имам. Ме мачи во последните неколку години. Имам многу проблеми, особено кога влажноста и топлината се високи“, додаде Србинот.
Ѓоковиќ (39) не можеше да потврди дека ќе се врати во Синсинати следната година.
„Секако се надевам, но за жал, во овој момент се чини поверојатно дека нема да го сторам тоа. Сепак, ќе видиме што ќе донесе иднината“, заклучи Ѓоковиќ.
Следниот турнир на кој Ѓоковиќ е закажан да настапи е Отвореното првенство на САД, кое започнува на 30 август.
