Два пожари избувнаа на грчки остров, двајца загинати и стотици евакуирани

Две лица се пронајдени мртви на островот Саламис, во близина на Атина, каде што денес речиси истовремено избувнаа два пожара и предизвикаа евакуација на стотици луѓе, соопштија противпожарните служби.

„Две тела се пронајдени во близина на плажата Перистерија на југот од островот“, потврди член на спасувачките служби за агенцијата АФП.

„Издадена е наредба за евакуација. Стотици туристи и постојани жители се погодени“, изјави претходно портпаролот на противпожарната служба Јанис Артопиос за државната телевизија ЕРТ.

Стотици пожарникари и чамци се мобилизирани

Два пожари беа забележани речиси истовремено во две популарни туристички области на југот и истокот од островот, прецизираше Артопиос.

Мобилизирани се околу 150 пожарникари, четири авиони и шест хеликоптери. Крајбрежната стража распореди пет брода.

Островот Саламис е омилена дестинација за Атињаните за време на празниците и викендите.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?