Настапот на Синер на УС Опен под знак прашалник

Синер

Италијанскиот тенисер Јаник Синер може да го откаже учеството на претстојниот турнир УС Опен поради повреда на коленото, јавуваат италијанските медиуми.

Тој се врати во Торино во понеделник, каде што го започна закрепнувањето од повредата на коленото и го одржа својот прв затворен тренинг. 

Синер ќе биде подложен на нов преглед, по што ќе биде донесена конечна одлука за неговото учество на Отвореното првенство на САД. Тимот на играчот не сака да го ризикува неговото здравје, па доколку тестовите не покажат дека неговото колено е целосно здраво, Синер ќе го пропушти турнирот.

Петкратниот шампион на Грен слем е надвор од натпреварите од јули поради повреда на коленото.

УС опен 2026 година ќе се одржи во Њујорк од 30 август до 13 септември.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?