СДСМ бара одговори за водата во Гостивар, шест недели нема целосен извештај

СДСМ

СДСМ бара да биде објавен целосен, јавен и потпишан документ за анализата на водата во Гостивар, посочувајќи дека поминале шест недели, а таков извештај сè уште нема.

Од партијата велат дека премиерот Христијан Мицкоски и Министерот за здравство, Клековски, создаваат паника со тоа што документот не се објавува веќе шест недели.

„Зошто не се објавува целосен извештај? Што се крие од граѓаните?“, прашуваат од СДСМ.

Според партијата, неизвесноста и недовербата кај граѓаните произлегуваат токму од начинот на кој институциите ја воделе комуникацијата за водата во Гостивар.

Од СДСМ посочуваат дека во изминатиот месец имало противречни изјави, прво за забрани, потоа дека водата може да се користи како техничка, потоа дека во неа биле откриени нови бактерии и вируси, а потоа следувале уверувања дека водата е безбедна за пиење.

Партијата тврди дека ниту еднаш не бил објавен целосен документ со сите резултати.

„Водата се испитува секој ден. Зошто тогаш не се објавува веќе шест недели?“, прашуваат од СДСМ.

Во соопштението се наведува дека по 22 дена загадена вода и околу 5.000 заболени, граѓаните треба да имаат увид во целосниот документ, бидејќи водата за пиење е прашање на јавно здравје.

Од СДСМ бараат информациите за нејзината безбедност да бидат јавно објавени во еден целосен извештај, со сите резултати и со потпис на одговорните лица.

Партијата бара да бидат објавени сите мостри, сите лабораториски анализи, сите датуми, сите утврдени бактерии и вредности, како и сите институции што вршеле испитувања.

„И најважното, кој, врз основа на кои резултати и со чиј потпис утврдил дека водата е безбедна за пиење?“, прашуваат од СДСМ.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?