Утрешниот ден ќе започне со сончево и топло време, но во попладневните и вечерните часови атмосферската состојба ќе се промени. На места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално и невреме со силен ветер и град.
Температурите во земјава ќе бидат високи и утре. Минималната температура ќе се движи од 15 до 21 степен, додека максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.
Во попладневните часови на места ќе има нестабилност со пороен дожд и грмежи. Според најавата, локално временските процеси може да прераснат во невреме проследено со засилен до силен ветер и појава на град.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во делови од Скопската Котлина ќе има услови за пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 20 степени, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека до крајот на работната седмица ќе се задржи претежно сончево и топло време, со умерена облачност во текот на денот.

