Ален Рустемовски го освои освои бронзениот медал на Медитеранските игри откако денеска во полуфиналето на боксерскиот турнир во категоријата до 60.кг., беше поразен на поени од Марин Хернандез од Шпанија.
Сепак сето ова може да се смени, од МОК добивме инфомрација дека во моментов е поднесена жалба за судиите. Според нашите претставници, Рустемовски е видно оштетен.
„Во моментов се поднесува жалба до официјалните мејлови на светската боксерска федерација од страна на генералниот секретар на МОК, како и боксерска федерација на Македонија. Според правилата, тие имаат обврска до крајот на денот да не известат дали ќе се поведе дисциплинска и евентуална промена на одлуката“, стои во вибер групата која е наменета за новинарите што се во Македонија.
Самиот Рустемовски по мечот се пожали на судењето сметајќи дека е оштетен.
„Не знам судиите кој меч го гледаа и што бодуваа, но судиските одлуки беа многу неправилни“ изјави Рустемовски.

