ЈСП со демант: Не е точно дека се полнат автобуси со канистери на улица

ЈСП

Во врска со изнесените наводи во јавноста дека автобус на ЈСП Скопје бил „пол­нет со гориво со канистери директно на улица“, ЈСП Скопје ја информира јавноста дека станува збор за целосно неточна и неоснована
интерпретација на ситуацијата.

Имено, возилата од производителот MAN, за кои се однесуваат објавените снимки и фотографии, како погонско гориво користат метан, поради што е невозможно истите да бидат дополнувани со гориво од кантери на улица, како што неосновано се тврди.

Во конкретниот случај станува збор за ситен технички дефект – пукнато црево, при што истекла мала количина антифриз. Поради тоа, на терен била извршена соодветна интервенција и дополнување на течноста за ладење, а не полнење или дополнување гориво.

Оттука, апелираме до јавноста и до сите субјекти кои објавуваат информации да не изнесуваат непроверени и погрешно интерпретирани информации, особено кога станува збор за безбедноста и техничката исправност на возилата во јавниот градски превоз.

ЈСП Скопје и понатаму ќе продолжи навремено да интервенира при секој воочен технички проблем, со цел обезбедување безбеден и непречен превоз на патниците.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?