Грчките земјоделци ќе протестираат во Солун на 5 септември

Солун

Грчките земјоделци ќе протестираат во Солун на 5 септември, кога во градот ќе се отвори 90-тиот Меѓународен саем.

Одлуката е донесена за време на состанокот во Неа Малгара на претставници на земјоделци од Солун, Лариса, Серес, Кардица, Иматија, Пиерија, Пела и Гревена. Протестниот состанок е закажан за 17:00 часот кај Белата кула. ​​Земјоделците најавија дека ќе учествуваат и со трактори.

Меѓу нивните главни барања се поддршка на приходите, намалување на трошоците за производство, промени во системот за земјоделско осигурување, заштита на субвенциите и ограничувања на увозот. Земјоделците бараат и ослободување од долговите, зголемување на пензиите и надомест за претрпените загуби.

Земјоделците најавија уште во јануари, кога ги прекинаа блокадите на главните патишта во земјата, дека доколку нивните барања не бидат исполнети, ќе ги продолжат протестите и ќе организираат демонстрации за време на Меѓународниот саем во Солун. Одлуката за протест на 5 септември е донесена во услови на постојани барања од земјоделските производители за мерки за поддршка на секторот.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?