Ендрју Виндзор, поранешниот војвода од Јорк, е обвинет за „извршување сексуални злосторства во САД“

Ендрју

Ендрју Маунтбатен-Виндзор денес беше обвинет за сексуални злосторства во САД од страна на републикански конгресмен, кој ги обнови повиците тој да биде гонет, објавува „Дејли меил“.

Поранешниот војвода од Јорк беше споменат по име од Томас Маси за време на говорот пред Претставничкиот дом на САД во Вашингтон.

Барајќи соучесниците на педофилот Џефри Епштајн да бидат повикани на одговорност, конгресменот од Кентаки Маси рече: „Сакаме сторителите на овие злосторства да бидат истражени и гонети“.

Маси, водечка фигура во напорите за објавување на првиот дел од досиејата на Епштајн, ги спомена и поранешниот шеф на „Барклис“, Џес Стејли, и магионичарот Дејвид Коперфилд.

„И принцот Ендрју, кој изврши сексуални злосторства во Соединетите Држави“, истакнува тој, додавајќи: „Можеби слушањето на тие имиња ќе го засрами Министерството за правда и ќе ја врати правдата“.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?