ЕБОР и ЕУ поддржуваат инвестиции во зелениот станбен сектор во Северна Македонија преку Комерцијална банка

ЕБОР

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува заем до 4 милиони евра на Комерцијална банка АД Скопје во Северна Македонија во рамките на програмата за резиденцијално финансирање на зелената економија на Западен Балкан III (Western Balkans Green Economy Financing Facility III – WB GEFF III). Финансирањето ќе ѝ овозможи на Банката да одобрува кредити за зелени инвестиции во станбени згради и јавниот сектор низ целата земја. Кредитот ќе финансира инвестиции во технологии со високи перформансни за енергетска ефикасност, материјали и решенија за приватни домови и станбени згради. Целото финансирање под оваа програма ќе поддржува инвестиции во транзиција на зелената економија (Green Economy Transition – GET).

Се очекува проектот да придонесе за намалување на потрошувачката на енергија и намалување на емисиите на јаглерод во Северна Македонија, поддржувајќи ја зелената транзиција на земјата и помагајќи им на домаќинствата, заедниците и јавните институции да ја подобрат енергетската ефикасност и отпорноста. Операцијата е усогласена со пристапот на ЕБОР за транзиција кон зелена економија и целите на Парискиот договор.

Програмата се спроведува со силна поддршка од Европската Унија, преку Заедничкиот европски фонд за Западен Балкан (European Western Balkans Joint Fund – EWBJF) и Рамката за инвестиции во Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework -WBIF). ЕУ обезбедува инвестициска поддршка за крајните квалификувани корисници, како и техничка помош за финансиските институции и клиентите кои го користат кредитот. Дополнителната техничка соработка е поддржана од Фондот за соработка Јапонија-ЕБРД.

Комерцијална банка АД Скопје е клиент на ЕБОР уште од 1996 година и има силна репутација во имплементација на програмите за зелено финансирање. Новата програма се надоврзува на претходната успешна соработка во рамките на програмата GEFF и одговара на растечката побарувачка за финансирање на енергетски ефикасни и климатски инвестиции во Северна Македонија

ЕБОР е водечки институционален инвеститор во Северна Македонија и досега има инвестирано повеќе од 3 милијарди евра, во повеќе од 190 проекти, поддржувајќи го развојот на позелена, поконкурентна и инклузивна економија.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?