Филипче: Сега сите знаат дека Владата на Мицкоски е под истрага за унгарскиот кредит

Филипче

Заемот од една милијарда евра од Унгарија е предмет на истрага, сега цела Европа и цел свеат знаат дека Владата на Мицкоски е под истрага и сомнеж за нелегални процеси а нашите стратешки партнер-САД знаат дека во земјава влегувале кинески пари, рече денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

„Заемот кој што е сега предмет на истрага, заемот поради којшто сега цела Европа и цел свет знае дека владата, на чело со Христијан Мицкоски, е под истрага и се сомневаат во нелегални процеси. Сега и нашите стратешки партнери Соединетите Американски држави, веќе јасно знаат дека во земја влегуваат и влегувале во изминатите две години кинески пари. Прво преку заемот кој што дојде од Унгарија, а сега најава преку министерот за локална самоуправа за некакви си проекти во општините“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ праша и каде завршиле парите од унгарскиот кредит и каков ефект од нив почувствувале македонските граѓани.

„Каде се парите од унгарскиот кредит? Што видовме ние од унгарскиот кредит? Што видоа граѓаните? Им се подобрел стандардот. Имаше ли зголемување на платите? Имаше ли некакви мерки граѓаните да ги надминат овие тешки денови“, рече Филипче.

Наместо подобар животен стандард, рече Филипче, граѓаните се соочуваат со поскапувања, додека Владата продолжува со нови задолжувања.

„Сè е поскапено. Многу проценти се е поскапено. Сите сегменти од потрошувачката кошничка. Храната најмногу“, рече Филипче.

Токму новите задолжувања ја разобличуваат приказната на Мицкоски дека македонската економија добро функционира.

„Не можете да кажете дека добро работи владата, дека економијата добро функционира, дека има раст на бруто домашниот производ, а се задолжуваме сè повеќе и повеќе“, рече Филипче.

Филипче посочи дека Владата планира уште 1,3 милијарди евра ново задолжување, со што за нешто повеќе од две години новиот долг ќе достигне речиси 4 милијарди евра.

„Скоро 4 милијарди евра. Нов долг. За само 2 години и неколку месеци од владата на Христијан Мицкоски“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?