Поради високите температури во Република Српска, наставата во сите училишта е прекината до 11 септември

Српска

Наставата во сите основни и средни училишта во Република Српска ќе биде прекината во периодот од 4 до 11 септември, соопшти денес Министерството за образование и култура на РС.

Како причина за прекинот на наставата се наведуваат екстремно високата температура и „тешките услови за спроведување на воспитно-образовната работа во училишните објекти“, пренесува РТРС.

„Оваа мерка е преземена со цел заштита на здравјето и безбедноста на учениците и вработените во училиштата, како и обезбедување безбедни и соодветни услови за спроведување на воспитно-образовната работа, во согласност со важечките законски прописи“, се наведува во соопштението.

По истекот на таа мерка, училиштата ќе продолжат со настава во согласност со училишниот календар и другите важечки прописи.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?