Во Белград се распоредуваат масовни полициски сили

Голем број полицајци пристигнуваат со автобуси, комбиња и оклопни возила во центарот на Белград и се распоредуваат околу Пионерскиот парк, јавува репортерот на „Бљесак“. Засиленото полициско присуство е забележано додека во Србија траат парламентарните избори.

Репортерката на „Данас“ известува за бројни полициски единици и оклопни возила и пред Стариот двор. Весникот, повикувајќи се на Н1, пренесува дека во центарот се забележани и специјализирани возила на Жандармеријата за потиснување демонстранти.

Околу седиштето на Републичката изборна комисија се поставени заштитни огради, а дел од околните улици се затворени за сообраќај. Блокиран е дел од улицата „Крал Милан“, од раскрсницата кај „Лондон“ кон Теразие. Поради затворањето се изменети и трасите на дел од линиите на јавниот превоз.

Гласањето во Србија трае до 20 часот, по што следуваат пребројувањето на гласовите и првите процени за изборните резултати.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?