Вооружен маж влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков и отворил оган кон луѓето, при што најмалку петмина се убиени, а десетина се повредени.
Нападот се случил денеска, 7 ноември, околу 15 часот. Меѓу повредените има и полицајци, наведува СДК, повикувајќи се на Би-Би-Си и на информациите од полската полиција.
Напаѓачот бил застрелан при полициската интервенција и потоа пренесен во болница.
По нападот, градските власти ги повикале жителите да го избегнуваат подрачјето околу плоштадот.
Премиерот Доналд Туск изјави дека полицијата работи на утврдување на позадината и околностите на нападот. Во достапните информации не се наведува мотивот за пукањето.
