Чешка се стабилизира по силно снежно невреме

Чешка се стабилизира по силно снежно невреме што вчера и донесе низа проблеми на државата, а денес наутро го ограничи слетувањето на авионите во Прага. Според извештајот на Чешката новинска агенција од 14:20 часот денес, главните патни правци се проодни, а прашкиот аеродром повторно работи со полн капацитет. Возачите сè уште наидуваат на снег и голомразица на дел од локалните патишта, особено во регионите Височина и Злин.

Од четвртокот до петокот наутро пожарникарите забележале 621 интервенција низ земјата. Од нив, 219 биле поради сообраќајни несреќи. Екипите отстранувале и паднати дрвја и им помагале на возачите чии возила заглавиле во снегот.

Во Јужна Моравија, екипите на итната помош во четвртокот интервенирале кај дваесетина сообраќајни несреќи. Во неколку од нив имало тешко повредени. Лекарите им помогнале и на пешаци кои паднале на лизгави тротоари. Хрватски „Индекс“ објави дека има стотици повредени, но чешките извештаи не потврдуваат толкав број на ниво на целата земја.

На автопатот Д1 кон Прага, камиони што не успеале да совладаат заснежена угорница во Височина во четвртокот вечерта привремено го блокирале сообраќајот. На Д3, кај границата со Австрија, колоната камиони тргнала во петокот наутро. Претходната вечер австриската полиција поради снегот пропуштала само товарни возила со синџири.

Во Прага, снегот повеќе од два часа го ограничувал бројот на авиони што можеле да слетаат. Истиот ден, жителите на дел од јужните населби се соочиле и со прекин во снабдувањето со греење и топла вода. Причината била дефект на топловод што погодил околу 26.000 домаќинства. Прашката топлификација најави дека очекува целосно да ја обнови испораката во петокот вечерта.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?