Чешкиот писател Милан Кундера почина на 94-годишна возраст, јави чешката национална телевизија.
Кундера започна да објавува во 1953 година. Пишуваше и на чешки и на француски.
Негови најпознати дела се романите Неподносливата леснотија на постоењето и Шега.
Кундера има освоено бројни признанија за неговиот стил на опишување теми и ликови кои лебдат меѓу приземната реалност на секојдневниот живот и возвишениот свет на идеи, пренесува Ројтерс.
Роден е во 1929 година во Брно, но емигрирал во Франција во 1975 година, откако бил протеран бидејќи ја критикувал советската инвазија на Чехословачка во 1968 година.
Во Франција објави некои од неговите најпознати дела, меѓу кои се „Книгата на смеата и заборавот“, „Уметноста на романот“ и „Бесмртност“. Неговите подоцнежни дела, напишани на француски, не биле преведени на чешки.
Кундера повремено ја посетуваше Чешка, но секогаш инкогнито и никогаш не разговараше со новинарите.
Во 2019 година му беше вратено чешкото државјанство, 40 години откако му беше одземено чехословачкото.