СДСМ: Судството е под контрола на власта – да беше независно

За две и пол години ВМРО-ОКГ презеде целосна контрола врз сите институции, ја партизираше полицијата, АНБ и ги стави под своја контрола обвинителствата и судовите, изјави Наташа Поповиќ членка на ИО на СДСМ.

Таа потсети дека Европската комисија во својот најнов извештај јасно нотира мешање во судството и обвинителството, отсуство на реформи, широко распространета корупција и проблематични јавни набавки.

„Нема систем. Христијан Мицкоски е и обвинител и судија, од кого зависат одлуките. Нема правда. Никој од власта не одговора. Антикорупцискиот тим на СДСМ откри тендери и скандали тешки 200 милиони евра, одговорност нема.

Никола Груевски е спасен од одговорност, а криминално стекнатиот имот на ВМРО повторно е во рацете на партијата. Додека Мицкоски зборува за „талог” и „елита”, додека седи до државниот обвинител и испраќа закани. За медиумски теленовели некои на граница се дочекуваат со црвен килим и камери, куќен притвор после бегство. А на крај родителите од Кочани без правда. Кога човек близок до генералниот секретар на Владата е фатен во случај со мито, се пркеинува постапката веднаш.

Кога телохранител на Мицкоски ќе нападне жена, системот го ослободува. Кога пет тони дрога ја минуваат границата на пат кон Србија, нема политичка ниту институционална одговорност. Кривичните пријави против Мицкоски и функционерите на власта се отфрлаат преку ноќ. Пријавите поврзани со труењето на водата во Гостивар стојат во обвинителството, без одговор и без одговорност“ изјави Поповиќ.


Нема правда затоа што имаме судство под контрола на власта, додаде таа порачувајќи дека гГраѓаните ја гледаат вистината.

„Судството денес е под целосна контрола на власта. Да беше правосудството навистина слободно и независно, Мицкоски и ВМРО-ОКГ немаше да бидат слободни“ заврши Поповиќ.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?