Сварена најдобрата ракија

Лазар Димов и Трајче Зајков ја освоија првата награда за домашна ракија на 26. Валандовска ракијада. На градскиот базен во Валандово се натпреваруваа 20 учесници со ракија од локално грозје.

Втората награда ја добија Дени Делев и Крсте Арабаџиев, а третата Гуна Маркова и Катица Тунгелова.

Ѓорѓи Зафиров, кој учествува од првото издание, годинава варел ракија од вранец. Вели дека грозјето го остава да ферментира 21 ден пред варењето.

„Постапката ја научив од мојот татко, мојот син пак научи од мене“, вели Зафиров.

На ракијадата учествуваа и ученици од земјоделско-ветеринарната насока при средното училиште „Гоце Делчев“. Манифестацијата првпат се одржала во 2000 година и е под покровителство на Општина Валандово.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?