Напаѓачот во Краков имал крајнодесничарски ставови, вели полскиот министер

ФОТО: PAP/Art Service

Осомничениот за пукањето во Краков, во кое загинаа шест лица, бил фасциниран од крајнодесничарски идеи, изјави полскиот министер за внатрешни работи Марчин Кјервињски. Според полицијата, напаѓачот дејствувал сам. Истражителите сè уште го утврдуваат мотивот.

„Сè укажува на тоа дека напаѓачот имал многу, многу радикални ставови“, рече Кјервињски на прес-конференција.

Нападот се случи во саботата, на 7 ноември, околу 15 часот. Мажот влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков и пукал кон случајни минувачи. Загинаа четири жени и двајца мажи.

Според ажурираните полициски податоци што ги пренесе Асошиејтед прес, повредени се 16 лица, меѓу кои двајца полицајци. Едниот од нив е во многу тешка состојба.

Полицајците го раниле и го уапсиле осомничениот по размена на оган. Тој е полски државјанин и е пренесен во болница на операција. Во автомобилот полицијата пронашла и друго оружје и муниција.

Градските власти во Краков прогласија жалост до 11 ноември.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?