Изборите во Србија и изборниот инженеринг кој го примени актуелната српска власт, потсетува на едно време кога увозот на гласачи, поткупот на гласачи, „бугарски воз“ – беа дел од изборната практика во Македонија. Во својата анализа новинарот и аналитичар Љубомир Костовски, пишуваше токму на оваа тема, а новинарот Драган Мишев, во неколку наврати на пропагандните руски наративи кои преку српските медиуми навлегуваа во јавниот макеоднски простор.
Во „Ослободи го умот“ Костовски и Мишев зборуваа за главните пропагандни наративи во контекст на изборите во Србија и на претстојните избори во Северна Македонија, како и руската пропагандна и хибридна закана за нашата држава и улогата на македонските медиуми.
„Ќе има малку подолгорочна криза, предвидувам дека нема да функционираат клучните институции и законодавната власт, а каков ќе биде односот во регионот – секако ќе биде неповолен, затоа што пред сè имаме јасни докази за мешање на соседни народи кои си имаат своја држава, а некои од нив се и функционери во таа држава. Видовме дека Додик беше првиот што му честиташе на Вучиќ и стоеше веднаш зад него, а лево од него, поркај српската премиерка седеше претседателот на Парламентот на Црна Гора, Андрија Мандиќ, што е тотално невообичаено. Што бараше таму, која била неговата улога“, вели Костовски, додавајќи, дека за легитимитетот на изборите во Србија говори и тоа дека само Путин, Орбан и Ердоган му честитаа на Вучиќ за победата.
Во таа насока, Мишев додаде дека влијанието на руската порпаганда кај нас доаѓа од српските медими, додавајќи дека по победата на Вучиќ, на површина веднаш излегоа руските инсталации во регионот, доказ за тоа се Додик и Мандиќ на главниот прес по првичните изборни резултати во Сорбија.
„Што се однесува до странските фактори, недостасува таа осуда, недостасува посочување на директниот виновник кој стои зад целата операција на дестабилизација на целиот регион. Еден од примерите за хибридни закани што доаѓаа од разни страни, но главниот иницијатор беше РУсија, е последната дојава за бомба во Републичката изборна комисија на Србија. непосредно пред опозицијата да стигне да ги достави приговорите. На крајот успеаја, но тоа е една од класичните начини на дефокусирање. Слично како кај нас. Ние имавме еден хибриден напад, сајбер напад на безбедноста, стабилноста, општа загрозеност по животот на граѓаните кај нас, истото тоа се повторуваше во Србија“, изјави Мишев.
Мишев додаде дека откако се забранија руските државни пропагандни канали во Македониј,а нивното присуство остана на нашите просори преку спрбските медиуми. Макеоднските медиуми оние што се проруски, целосно ги преземаат вестите од српските медиуми што се однесуваат на руската пропаганда.
„Ние нема да имаме никаква институционална одбрана од пропагандните наративи во пресрет на изобрите кај нас“, смета Костовски во контекст на очекуваните пропагандни наративи во пресрет на изборите во Македонија, сметајќи дека ААВМУ кои, според него, ќе бидат контрапродуктивни, прашувајќи дали некогаш за нешто, самоиницијативно, истапиле за да забранат.
„Обично од разговорите од каде што произлегува руската пропаганда често се дава на неуки новинари, кои од денвни вести, преминуваат да водат глобална политика. Пример: Добро е што сега сме во НАТО – наслов на попладневна емисија во која учествува наш колега, еден од најотворените пропагатори, чиј син е директор на Лукоил, а разговара со човек кој првпат во животот води дебата. и наместо „Добро е што сме сега во НАТО“, на крај излегува нешто сосема друго. Излезе заклучокот – така и ни треба кога сме во НАТО. Тоа се толку уиграни работи. Русија толку е стара школа, која не с еменува, само се менуваат наративите“, вели Костовски.
Мишев додаде дека тоа надворешно влијание е отворено и се знае кои медиуми се во прашање и од каде доаѓаат финансиите.
Б. Јордановска
камера и фотографија: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети