Од 1 март оваа година, граѓаните на Србија, Албанија и Северна Македонија КОНЕЧНО ќе можат да живеат и работат во која било од трите земји како во својата.
Кажано со здодевен бирократски јазик: „Договор за условите за слободен пристап до пазарот на работа во Западен Балкан му овозможува на секој граѓанин на трите земји од Отворен Балкан да има ист пристап до пазарот на работа во која било од овие земји како локален граѓанин и право на слободно движење, престој и работа, на територијана страните потписнички, односно во рамките на сите земји од Отворен Балкан“.
За овие наши простори каде првото правило на јавната администрација е „НЕ МОЖЕ“, 1 март е револуција (еволуција). Пред точно три години и три месеци, лидерите на земјите од Отворен Балкан одлучија и потпишаа визионерска одлука за воспоставување слободен пристап до пазарот на работа во Западен Балкан.
Три години и три месеци челниците и неколкумина вредни луѓе од управите, со логични аргументи ги убедуваа своите „ТОА НЕ МОЖЕ“ колеги.
Затоа нема да напишам овде дека најголемиот ризик за сите економии на ОБ е недостатокот на соодветна работна сила и демографските трендови. Нема да напишам ниту дека младите ќе можат да заработат пари за студирање во текот на летото работејќи во некоја од земјите на Отворен Балкан без административни пречки. Не сакам по којзнае кој пат да пишувам колку овој чекор позитивно ќе влијае на растот на градежништвото, туризмот и угостителството, ИТ, електро-машинската индустрија. Или за тоа дека ова е позитивен сигнал за странските компании кои имаат намера да инвестираат овде, отворајќи нови работни места.
Сето наведено е помалку важно од фактот дека до пред само три години не нè интересираше кој во Албанија или Северна Македонија ја работи истата работа како нас, обидувајќи се да им го направи животот на граѓаните подобар и поквалитетен. До пред само три години верувавме дека ако сакаме да биде подобро за нас, мора да биде полошо за нив.
Три години се запознававме, сфативме дека ги имаме истите проблеми. Дека нашите деца се среќни или тажни на ист начин. Дознавме дека решението на проблемот е само една порака на whatsapp/viber, онаа „како си денес и што има ново кај тебе“.
И НАПОКОН МОЖЕМО – MË NË FUND MUNDET – КОНЕЧНО МОЖЕМЕ
Колумна на Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија.