Бројот на загинати во израелските воздушни напади врз провинцијата Алепо во Сирија се искачи на 42, вклучително и шест членови на проиранската група Хезболах, соопшти денеска набљудувачката група.
Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека ова е најтешкиот напад на Израел врз Сирија во последните три години.
Организацијата додаде дека борците на Хезболах биле убиени кога утрово ракета погодила складиште на вооружената група и центар за обука на борците лоциран во негова близина во областа Џибрин во близина на меѓународниот аеродром во Алепо.
Цел на израелските бомбардирања беа и фабриките за воена индустрија во Ал Сафира, соопшти Центарот, а експлозии се слушнале и во Кафр Џум, западно од Алепо.
Во обид да ги пресретнат израелските ракети беа истрелани противвоздушни ракети од силите на Дамаск.