Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шефица на финската дипломатија: Не е исклучено испраќање војници во Украина во иднина

Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави дека не е исклучена можноста за испраќање странски војници во Украина во иднина, иако таа потенцираше дека „во моментов нема потреба од тоа“. Валтонен го изјави ова во интервју за Фајненшл тајмс.

Валтонен, всушност, смета дека францускиот претседател Емануел Макрон ја направи вистинската работа кога ја натера Русија да се запраша кои би можеле да бидат границите на западната поддршка за Украина.

„Сега не е време за испраќање војници во Украина, ние дури и не сме подготвени да разговараме за тоа во оваа фаза. Но, на долг рок, се разбира, не треба ништо да исклучуваме“, рече министерката.

Макрон неодамна изјави дека евентуално распоредување на западни сили во Украина „не може да се исклучи“. Тој подоцна додаде дека неговата контроверзна изјава била „внимателно обмислена“.

Подоцна, коментирајќи ја идејата што ја претстави, Макрон истакна дека доколку се реализира такво сценарио, француските сили нема да тргнат во офанзива против руските сили.

Зачлени се на нашиот е-билтен