Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израелскиот премиер Нетанјаху утре ќе биде отпуштен од болница

 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утре попладне ќе биде пуштен од болница по операцијата на хернија, се вели во соопштението на неговиот кабинет.

Соопштението се повикува на лекарите кои го лекуваат Нетанјаху.

„Премиерот се чувствува многу добро и продолжува да ги извршува секојдневните обврски од болницата“, се вели во соопштението.

Претходно, медицинскиот центар „Хадаса“ во Ерусалим соопшти дека Нетанјаху бил свесен и разговарал со своето семејство по успешната операција денеска и дека се опоравува. Нема информации за тоа колку долго може да потрае опоравувањето.

Зачлени се на нашиот е-билтен