Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Египетскиот претседател Сиси положи заклетва за третиот мандат

 Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска пред Парламентот положи заклетва за својот трет мандат на чело на најнаселената арапска земја.

Сиси, кој е на власт една деценија, треба да остане на функцијата до 2030 година, откако победи на претседателските избори во декември, со 89,6 отсто од гласовите, во трката против тројца други малку познати противници.

Поранешниот началник на армијата и министер за одбрана Сиси го собори исламистот Мохамед Морси во 2013 година, по масовните демонстрации.

Неговиот нов мандат, кој почнува утре и ќе трае шест години, според Уставот на Египет, треба да му биде последен.

Сиси положи заклетва пред пратениците во седиштето на Парламентот во новата административна престолнина, изградена источно од Каиро, објави државната телевизија.

Како што пренесуваат локалните медиуми, неговата инаугурација го означува и отворањето на новиот административен центар.

Инаугурацијата на Сиси се случува во контекст на силна економска криза, обележана со галопирачка инфлација и недостиг на девизи што ја отежнува трговската размена. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново