Бајден телефонски разговарал со Нетанјаху

– Американскиот претседател Џо Бајден денеска телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавија светските агенции, повикувајќи се на Белата куќа.

Разговорот траел помалку од половина час.

Бајден и Нетанјаху телефонски разговарале само неколку дена откако седуммина хуманитарни работници загинаа во израелски воздушен напад во Појасот Газа. Тој случај дополнително ги усложни и така затегнатите односи меѓу двајцата лидери, забележуваат агенциите.

Американскиот претседател остро го критикуваше Израел за нападот. 

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?