Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нов бран мигранти на Лампедуза – вчера пристигнале 670, а само ноќеска уште 333 лица

На италијанскиот остров Лампедуза синоќа со седум преполни чамци пристигнале 333 мигранти, а вчера во текот на денот со 16 чамци пристигнале 670 мигранти.

Во ноќеска пристигнатите чамци имало државјани на Бангладеш, Египет и Пакистан, кои заминале од Либија, како и мигранти од Гамбија, Нигерија, Сенегал, Малезија и Брегот на Слоновата Коска, кои заминале од Тунис, пренесува Анса. 

Меѓу пристигнатите бегалци има жени и деца.

Поради новиот мигрантски бран, на најјужниот италијански остров во моментов има 1.263 лица.

Мигрантите кои пристигнуваат во Лампедуза се префрлени во други делови на Италија.

Зачлени се на нашиот е-билтен