Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израелскиот министер Бен Гвир се закани дека Нетанјаху нема да има мандат да продолжи да биде премиер ако не го нападне Рафа

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир денеска се закани дека ќе ја собори Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху доколку тој ја прекине војната во Појасот Газа без да започне офанзива врз јужниот град Рафа.

– Доколку премиерот одлучи да ја заврши војната без напад од големи размери на Рафа за да го порази Хамас, тој нема да има мандат да продолжи да биде премиер, напиша екстремно десничарски политичар на платформата „Икс“.

Заканата на Бен Гвир доаѓа во време на извештаи за можен напредок во индиректните разговори на Израел со Хамас за постигнување договор за размена на заробеници и затвореници и договор за прекин на огнот.

И покрај глобалното негодување поради катастрофалната ситуација во палестинската енклава, израелскиот премиер долго време изразува намера да го нападне Рафа, каде што се засолниле повеќе од 1,5 милиони палестински бегалци.

Зачлени се на нашиот е-билтен