Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Видеоинтервју со Ѓорѓи Галетановски: Сакам Зоолошката градина повторно да биде убаво место за животните

Четрири години беше директор, инвестираше време и многу труд да ги создаде златните времиња во оваа институција за животните, за вработените и секако за посетителите, а на граѓаните Ѓорѓи Галетановски им покажа како вистински се сакаат малите и големите жители на Зоолошката градина во Скопје. Тој пред три години поднесе оставка на оваа функција бидејќи се појавија недоразбирања со раководството на градоначалничката Арсовска, сепак поради последните случувања и генерално лошата состојба на Зоолошката, тој како единствен кандидат се пријави на конкурсот за избор на ново раководно лице на оваа институција се со цел да се врати стариот сјај.

Рокот на одлучување е една недела, а конкурсот беше затворен на 14 август. За кандидатурата и идните планови редакцијата на Рацин.мк разговараше со Галетановски.

-Искрено да поднесов кандидатура бидејќи дознав од колеги и од посетители од луѓе што доаѓале во Зоолошка, ме замолија ми пишаа, се пријавив да на огласот, таму кога би дошол би сменил многу работи за да се вратам на старите патеки како што било до 2022. Ги сакам сите животни, генерално повеќе сакам кучиња, улично куче си негувам во влезот каде што живеам, а во зоолошката градина слабост на сите ни беше шимпанзото Коко, но го сакам и тигарот и лавовите, белите лавови, вели Галетановски во разговор за Рацин.мк.

Рацин: Што мислите дека е најголемиот проблем во Зоолошката градина, зошто угинаа толку животни во изминатите три години и што би промениле кога Арсовска би ви дала шанса?

Галетановски: Генерално јас проблемот го лоцирам во менаџментот, тоа што се смениле повеќе директори во таква институција не е добро, не е некоја институција од технички карактер, таму се работи со живи суштества, со животни, нега на животни и многу посетители и ако немате раководител којшто се грижи секојдневно и е секојдневно присутен е лошо, затоа е и лошо да менуваш често директори. Прво би почнал од тимот што е одговорен за организација на зоолошката, хигиената, контактот со други зоолошки странски и најважното од се враќање во Европската асоцијација за заштита на животни ЕАЗА, вели тој.

Рацин: Кога ја објавивте кандидатурата, читавме само позитивни коментари, јавноста вистински Ве поддржа на што се должи вашиот успех?

Галетановски: Јавноста препознава сигурно памти какви денови имаше оваа институција дека бене една од најпосетените, можеби и најпосетена во Македонија. Паметат луѓето дека странски поратли и медиуми известуваа секојдневно за нашата Зоолошка, а сега се доведе во ситуација да наши медиуми не известуваат освен, ако недај боже се случи нешто лошо па е актуелна, а тоа не е добро. Исто така јас имав голема помош од општествено одговорни компании, не сакам да ги рекламирам но сите беа од поголемите компании во Македонија, сите тие во најтешкото во 2018 година кога решивме да ја направиме, застанаа позади Зоолошката, како си заминав јас немав отидено половина година, од време на време поминував и гледав дека фали по некој спонзор. Си реков како се довела во ситуација Зоолошката да ги изгуби сите, сега моментално нема ниту еден спонзор, а тие беа сериозна финансиска инјекција, годишно беа околу 150.000 евра, што многу ни помагаа и за организација и за градба и за храна.

Рацин: Поддршка изразија и многу јавни личности, но колку тие ја поддржуваа Золошката во минатото?

Галетановски: Покрај граѓаните и дел од јавните личности во 2018 година застанаа позади Зоолошката кога дојдов јас на тоа место бидејќи ја затекнав непосетена, запуштена, значи тие беа постојани гости во Зоолошката откако дојдов јас и ја дадоа целосно својата поддршка. Тие луѓе и ден денес ја поддржуваат, Миа Костова, Марко Маринковиќ Слаткар, Лила Филиповска, Кристина Арнаудова, Панки, Перо А нтиќ, други спортисти, многу, Пано ДНК. Тие доаѓаа секојдневно, ја рекламираа, заедно со вработените во Зоолошката помагаа, ставаа слики, сториња, ги едуцираа помладите и се создаде една навикакајшто луѓето во тие моменти во 2018 и 2019 година јавноста ја прифати зоолошка како место да дојдат со своите деца и да се едуцираат додека родителите пијат кафе, децата шетаат со вработените, тука беа присутни сите и тоа беше добра приказна и многу сум им благодарен и тоагаш и сега на сите.

Рацин: Иако сте единствен кандидат, а рокот за избор тече, што ако не ве избере Градоначалничката?

Галетановски: Се надевам дека ќе ги следи правните моменти и дека огласот ќе помине како што треба, како што знам само јас сум пријавен на огласот, ако ме избере да е жива и здрава, нека продолжи така, ние пробуваме како што реков да направиме нешто, да спасиме нешто што се уште е живо.

Рацин: Со оглед на состојбите во градот, хаосот се гледа во повеќето јавни претпријатија, дали можеби следна кандидатура би била за Градоначалник?

Галетановски: Не тоа е премногу рано за мене и е преголем залак за некој што нема работено локална самоуправа, но во иднина зошто да не би размислувал можеби за некои десетина години. Видете Скопје е важен град, кој и да е градоначалник, дали СДСМ, дали ВМРО-ДПМНЕ, важно е што повеќе да ги департизира институциите, доколку му успее да ги деполитизира локалните институции ќе го сакаат и повеќе луѓе и ќе трае повеќе.

Разговараше: Соња Танеска

Зачлени се на нашиот е-билтен