Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Драган Бјелогрлиќ вечерва на Охридско лето со „Лет на кукавичкото гнездо“

Претпоследната  театарска претстава на годинешното 64-то издание на фестивалот „Охридско лето“  ќе биде одиграна вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Станува збор за „Лет над кукавичкото гнездо“ според  романот на Кен Кесеј, во режија на Жанко Томиќ, а во изведба на Драмски театар Белград, Србија.

Претставата е во знакот на големото враќање на Драган Бјелогрлиќ на сцената на Белградскиот драмски театар во легендарната, мрачна хумористична сатира за поединецот во репресивен систем, ментални институции и слобода на духот. Оваа драма е напишана во 1962 година. Првата изведба била  во 1963 година на Бродвеј со Кирк Даглас во главната улога.

Улогите ги играат Драган Бјелогрлиќ, Предраг Бјелац, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Јово Максиќ, Саво Радовиќ, Душан Ковачевиќ, Владан Милиќ, Милица Зариќ, Андреа Џина, Урош Јанковиќ, Милош Лазаров, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша, Александра Ања Алач, Нада Мацанковиќ и Маја Ранџиќ.

Реќисерот Жанко Томиќ, роден е во Скопје, Македонија. Како жител на Р. Србија во 1997година  дипломирал театарска и радио режија на Факултетот за драмски уметности, Белград. Во 1995 година дипломирал српски јазик и југословенска литература, на Филозофски факултет во Нови Сад.

Режирал над петнаесет театарски претстави. Пет од нив во Српскиот народен театар во Белград, Суботица, Вршац, Херцег Нови и во САД. Во последните две години, според анкетата на театарската критика, тој беше рангиран меѓу петте најуспешни режисери. Режирал четири радио драми во продукција на Радио Белград. Бил уредник на драмската програма на фестивалот „Белградско лето“ во 1997 година. Ко-основач е на независната театарска група Торпедо во 1997 и трупата Јорик. Учествувал во организирањето на основачкото собрание на Сојузот на драмските уметници на Србија. Член е на комисијата на Здружението на драмски уметници на Србија за подготовка на законот за театар. Од 1990 до 1993 година, бил соработник на драмската програма на Културниот центар од Нови Сад. Тој е преведувач од англиски јазик на бројни драмски текстови и литература. Се занимава со театрологија и теорија на јазикот (научен труд Анализа на дискурсот на разговорот режисер-актер. Од неодамна пишува статии и колумни за театарски теми за списанијата Лудус и Сцена. Работел како уредник на неделникот Европа.

Редакција Трн

Зачлени се на нашиот е-билтен