Буквално злато вредни: Италијанска банка која чува „шипки“ кашкавал, а заемите и долговите можете да ги плаќате во пармезан

Италијанската банка „Кредито Емилијано“ на прв поглед изгледа како секоја друга банка, но наместо златни плочки и монети, оваа банка има складиште за кашкавал.

Луксузна зграда со портир кој стои на вратата, шалтери управувани од вработени во деловни костуми, безбедносни уреди, машина со број на редица… Но нејзината уникатност се крие во нејзините магацини и трезори. Наместо златни прачки и банкноти, таму се чуваат прстени со кашкавал.

Банката се одлучила на овој потег поради посебен вид пармезан наречен „пармиџано-реџиано“, кој е познат и како „принц на пармезаните“. Станува збор за скапоцен и вреден пармезан кој вреди колку злато. Само една пита кашкавал вреди од 300 до 400 евра, а трезорот со кашкавал на банката вреди неверојатни 150 милиони евра.

Но, како функционира бизнисот со таква банка? Италијанските фармери најчесто за да земат земјоделска опрема, носат гаранција или пак залог во форма на овој скап кашкавал во банката, а потоа им се одобрува кредит. Исто така и ратите може да се покриваат со овој деликатес.

Банката за кашкавал им помогна и на малите производители за да не им пропадне бизнисот. За одгледувањето на кашкавалот штом ќе го преземат се грижат банкарските работници, а „обичниот човек“ е среќен што долговите и заемите во голема мера може да ги подмири со кашкавал наместо со пари. Банката подоцна го препродава и ги подмирува долговите, а притоа има и убав профит.

Дури се сметаше дека банката ќе почне да прифаќа и други „валути“ како што се пршута или маслиново масло, но бидејќи се потешки за одржување и складирање, таа идеја брзо беше напуштена.

Најчитано