Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ќе се штеди на чоколадо, какаото станува се поскапо

Иако најголемите производители на какао во Западна Африка, Гана и Брегот на Слоновата Коска најавуваат дека бербата на плодовите од какаото ќе биде поуспешна од претходните сезони, но дека е извесно дека тоа нема да ја намали цената на чоколадото на светските берзи.

Цената на какаото на њујоршкиот пазар во април достигна и рекордна цена од 9000 долари за тон што е речиси тројно зголемена од минатата година, а во одреден период беше поскапо од бакарот. Тоа веќе го чувствуваат главните производители на чоколадо, но и крајните потрошувачи.

Заводот за статистика на ЕУ наведува дека цените на овие два производа растат од почетокот на 2022 година, а значително зголемување е забележано во последниот квартал од таа година, со годишна стапка на инфлација од повеќе од 10 отсто. 

Повеќето држави од ЕУ во мај 2024 година пријавиле зголемување на годишната стапка на инфлација на какаото и чоколадото во прав, а најголем раст во споредба со мај 2023 година има во Естонија (17,4 отсто), Хрватска (15,5 отсто) и  во Австрија (12 отсто).

Еден од најголемите светски производители на чоколада, американскиот Херши, во првиот квартал од годината објави дека очекува историски високите цени на какаото да го ограничат растот на заработката оваа година. Извршниот директор на „Херши“, Мишел Бак не ја исклучува можноста за зголемување на цените на чоколадото за крајните клиенти.

Друг американски производител, Mondelez, како еден од предизвиците оваа година го посочи зголемувањето на цените на состојките за правење чоколадо. Главниот финансиски директор на Монделез, Лука Зарамела изјави дека се соочуваат со значително зголемување на цените на какаото и шеќерот.

Цените на какаото се зголемија поради слабата жетва во Западна Африка, каде што производството задоволува најголем дел од глобалната побарувачка за какао. Метеоролошкиот феномен Ел Нињо предизвикува суши во Гана и Брегот на Слоновата Коска, два од најголемите светски производители на какао. Повисоките температури и промените во обрасците на врнежите се последица на климатските промени, а влијаат и на жетвата, јавува Би-Би-Си.

Временските услови се подобри, а локалните производители добија пестициди за контрола на какао болестите и очекуваат приносите да бидат значително повисоки од минатата година,но тоа нема да го поевтини какаото, пренесува Блумберг.

Бербата започнува веќе во октомври.

Високата цена на какаото ја затвора една од најпознатите фабрики за чоколадо

Познатиот производител на чоколадни производи, вклучувајќи ги и познатите топчиња Моцарт кугли (Мирабел Моцарт), Салцбург шоколат (Salzburg Schokolade) се принудени до крајот на годината да ја затворат својата фабрика во Гродигер, во близина на Салцбург.

Одлуката е донесена откако фабриката се соочила со сериозни финансиски проблеми, вклучително и драстичен пораст на цените на суровините.

Компанијата пред две и пол години отиде во стечај, а ја презеде романската слаткарница KEX, дел од групацијата Julius Meinl. Но, по преземањето, во 2022 година дојде до намалување на производството и отпуштање на 25 работници поради зголемени трошоци.

Годинава драстичното поскапување на какаото кое тројно се зголеми, доведе до одлука фабриката целосно да се затвори.

Salzburg Schokolade, која е основана во 1897 година, произведува ексклузивни чоколадни производи за Mondalez, како што е „Echte Salzburger Mozartkugel“. Нуди и други производи како Салцбург чоколадо, Марија Терезија и Боби чоколадни плочки, како и чоколадни полупроизводи и глазури, пренесува Kleinezeitung.

Затворањето на фабриката ја остава неизвесна судбината на 65 вработени, а по третата средба се уште не се знае што ќе биде со нивните работни места.

Најново