Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја спасуваат Арсовска, ветија дека ќе и ги гласаат предлозите

Иако многу се очекуваше, координацијата на градоначалничката Данела Арсовска со координаторите на советничките групи во Советот на Град Скопје, на која таа требаше да ги презентира плановите за надминување на кризата во Скопје во однос на јавната хигиена и градскиот превоз, не ги донесе очекуваните резултати.

На граѓаните пак веќе им е смачено бидејќи речиси три години се соочуваат со проблемите на јавниот превоз, барааисполнување на предизборнот ветување на граѓаните нови автобуси, чисти улици, чисти контејнери

Она што единствено произлезе од средбата е ветувањето на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојановски дека на идната седница на Советот, која ќе се одржи на 29 август, советниците од оваа партија ќе ги гласаат сите програми што ќе ги предложи Арсовска за надминување на состојбите, како и најавата дека до 1 септември ќе бидат сервисирани 30 автобуси што ќе бидат пуштени во сообраќај. На средбата, според информациите, градоначалничката не излегла со планови освен што биле презентирани актуелните проблеми со кои се соочуваат јавните претпријатија.

Но, на прашањето дали ќе гласаат и за набавка на нови автобуси, Стојановски посочи дека прво треба да добијат информации од градоначалничката под кои услови би се набавувале автобусите, колку би чинеле и колкава би била ратата, затоа што таков податок денеска не добиле.

-Факт е, а тоа беше констатирано и на средбата во Владата, дека на краток рок не може да се изврши набавка на нови автобуси што би го зголемиле возниот парк на ЈСП, но факт е и дека добар дел од возниот парк на ЈСП е нефункционален. Како што слушнавте, Владата е подготвена дел од средствата што стојат неискористени на сметка наменети за инфраструктурен проект да се префрлат на сметка на ЈСП за рехабилитација на дел од возниот парк на ЈСП. Затоа што има два клучни датуми, едниот е 1 септември кога почнува школската година за основците и средношколците и мала пауза додека студентите не се вратат на факултетите. Охрабрува тоа што го рече директорот на ЈСП дека по негова процена дури 30 автобуси би можеле да се оспособат и да се вратат во функција – рече Славески.

Координаторот на советничката група на СДСМ Гордан Шутаров по средбата посочи дека тие досега гласале за сите програми што се важни за граѓаните, па и за тие што досега не се изгласани, и повика советниците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат и конечно да почне постапката за набавка на нови автобуси.

Денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање соопшти дека ќе ги замоли советниците од неговата партија на следната седница да ги изгласаат програмите, но нагласи дека и да ги изгласаат, нема ништо да се смени.

Најчитано