И покрај песимистичката перспектива во Франција и малку помалиот род во Русија, светските цени на пченицата на берзата во Чикаго се одржуваат на ниско ниво долго време, бидејќи пазарот е добро снабден со пченица од Соединетите Американски Држави.
Цените на пченицата паднаа 5,20 долари за бушел (27,2 кг)што е на најниско ниво од септември 2020 година, а за ова придонесоа можниот штрајк на железничарите во Канада и оптимистичките прогнози за производство на пченица во Украина.
Американското Министерство за земјоделство ги зголеми прогнозите за украинското производство на пченица за 10,8 отсто на 21,6 милиони тони, а очекуваниот пораст на понудата дополнително ја намали цената на пченицата.
Поради се позвесните најави за штрајк на железницата во Канада, земјоделците однапред ја продаваат својата пченица за да ги избегнат очекуваните проблеми со транспортот, а се очекува земјата да произведе околу 25,3 милиони тони во сезоната 2024/2025, пренесува порталот Трејдинг економикс, пренесува Политика.
Франција пак може да ја има најлошата жетва во последните повеќе од 40 години. И покрај песимистичката перспектива во Франција и малку помалиот род во Русија, светските цени на пченицата на берзата во Чикаго се одржуваат на ниско ниво долго време, бидејќи пазарот е добро снабден со пченица од Соединетите Американски Држави.