Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Буџетот се изгласа, но граѓаните сè уште чекаат исплата на Мој ДДВ


Исплатата на Мој ДДВ за второто тримесечје од годинава, која граѓаните со нетпрнеие ја очекуваат, а обично се случува во јули го дочека гласањето на Ребалансот на буџетот, но не и датумот на исплатата.

Иако ребалансот на Буџетот беше изгласан на 12 август, сепак граѓаните се жалат дека се уште немаат пари на своите сметки.

На прашањето на Рацин.мк пак ни одговорија дека секојденвно се генерираат налозите.

-Во однос на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица за последното тримесечје односно април, мај и јуни , Ве известуваме дека  исплатата се реализира и секојдневно се генерираат налозите за  исплата, велат од УЈП.

Зачлени се на нашиот е-билтен