Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бекташите од Турција во никој случај не одобруваат држава заснована на вера


Претставниците на бекташката секта во Турција реагираа на планот на албанскиот премиер Еди Рама да формира на територијата на својата земја суверена муслиманска бекташка држава по моделот на Ватикан.

Според Њујорк Тајмс, новата држава ќе се нарекува „суверена држава на редот Бекташи. Ќе има посебна влада, пасоши и граници. Ќе опфати 270 хектари на источната страна на Тирана и со тоа ќе ја сочинува, според американскиот весник, најмалата држава во светот. Ќе се карактеризира со опуштеност во употребата на алкохол од страна на мажите и слобода на облекување од страна на жените. На чело на оваа мала држава е предодреден да биде духовниот водач на бекташите од Албанија, Едмонд Брахимаи, познат во неговата заедница како Баба Моди.

Претставниците на Алеви-бекташ федерацијата од Турција во своите изјави објавени на турската мрежа Хабер Глобал во сопственост на Азербејџан, велат дека бекташизмот и „верската држава“ се концепти неспоиви еден со друг.

Конкретно, претседателот на Федерацијата на Алеви бекташи на Турција, Зејнел Абедин Коч, рече: „Како Алеви – бекташи кои живеат во Турција, ние ја задржуваме нашата позиција во корист на секуларизмот. Бекташизмот е систем на верување со потекло од Турција. Меѓутоа, во Албанија живеат и околу 115.000 бекташи. И ова претставува 5% од населението на Албанија. Не ми е баш јасно зошто има потреба од ваква држава. Дали турскиот бекташизам е дел од него или е албанска работа? Ние во никој случај не одобруваме држава заснована на вера“.

Но, поранешниот претседател на Алеви бекташ федерацијата и писател Али Бакиз смета дека бекташката вера не може да создаде верска држава.

„Во овие краишта со векови живее сектата на на алеви Бекташи. Подоцна, Отоманската империја се проширила на Балканот, достигнувајќи дури до Унгарија, а Албанија станува најважната земја за нив. Алеви- бекташката филозофија ги смета 72-те нации како една, советува секој да биде суверен на своите постапки, да ги сака импулсите и зборовите и да застане на страната на угнетените. Религиозна држава не е во ред. Секоја држава има моќ, додека во алеви-бекташката вера има слобода“, рече Али Бакиз.

Од своја страна, актуелниот претседател на Алеви -бекташи Федерацијата во Турција, Хусеин Ѓузелѓул, наводно изјавил дека иако смета дека различните чекори преземени од државите за признавање на верата на оваа бекташка секта ширум светот се генерално позитивни, тој исто така го поддржува ставот дека верата на бекташите и верската држава не можат да одат рака под рака. „Ние не ја сметаме за исправна државата заснована на религија. Такво нешто не може да има каде што има толеранција, мир и љубов“, нагласи Ѓузелѓул.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново