Дезинформации и психолошко влијание, сајбер-напади, нови разурнувачки технологии, саботажа, мешање во изборите, економско мешање, инструментализација на миграцијата – ова се само дел од прашањата со кои се занимава Хибрид – центарот за извонредност во справување со хибридни закани. Шефот за меѓународни односи во овој центар, Тапио Писало зборува за обемот на нивната работа, за ранливостите на земјите од Западен Балкан поврзани со меѓуетничките тензии, за пристапот на целото општество што треба да го преземат владите и за важноста на соработката меѓу сите членки на ЕУ и НАТО во справувањето со предизвиците што претстојат.
Според нивната анализа, она што Русија навистина го сака е да ја задржи својата сфера на влијание во регионот на Западен Балкан, а интеграцијата во ЕУ на земјите од Западен Балкан би ја поткопала таа севкупна руска цел. Писало истакнува дека една од главните грижи на центарот од неодамна е употребата на генеративната вештачка интелигенција во ширењето на дезинформации и како таа всушност може да се искористи за да се спротивстави на тоа. Дополнително, тој зборува и за финското искуство во успешното справување со манипулациите и мешањето на странските информации.
Неодамна тој ја посети Северна Македонија каде имаше неколку разговори со претставници на македонското Министерство за надворешни работи, како и со граѓанското општество и медиумите. Тој тврди дека новата влада во Скопје е многу сериозна во намерата да се справи со хибридните закани и да спроведе пристап на целото општество.
Бидејќи доаѓате од Финска, која се смета за една од најотпорните земји на дезинформации, можете ли да објасните накратко како Финска го прави тоа? Дали постои некаква магична формула што можете да ја споделете што може повторно да се користи овде на пример?
– Тоа е многу добро прашање, нajпрво да нагласам дека иако јас сум Финец, во основа сум тука како претставник на Центарот на извонредност за справување со хибридни закани, меѓународна организација што покрива 36 земји од Европа и Америка.
Но, се разбира, со задоволство ќе кажам неколку зборови и за моето финско искуство. За жал, не мислам дека има магична формула. Имаме навистина сложена позадина за сè што гради отпорност против дезинформации. Но, со задоволство ќе посочам неколку работи а можеби и некои од тие најдобри практики можат да бидат корисни и за други земји.
Сакам да се осврнам на четири главни работи а тоа се во основа медиумската писменост, слободата и различноста на медиумската средина, потоа јазикот и конечно довербата во општеството.
И пред сè на таа медиумска писменост што е навистина некако прославен елемент на финската отпорност. Тоа навистина е повеќедецениска историја на медиумско образование во земјата и затоа може да биде малку тешко да се реплицира. Тоа не се учи само во училиштата туку се ангажира и граѓанското општество делумно во таа медиумска едукација на младите и многу е тешко да се копира или изгради преку ноќ, но барем на долг рок, некои од тие елементи, секако, би можеле да се применат и во други земји.
Разбрав дека и овде во Северна Македонија се работи на медиумската писменост во училиштата на пример и тоа е одличен прв чекор и ќе потрае долго време, но тоа е навистина важно рано да почне да се гради. Сакам да се осврнам на слободата и разновидноста на медиумска средина.
Финска има многу силна слобода на печатот со заштита од тело за саморегулација. Слушам дека имате слично овде во Северна Македонија. Иако медиумите остануваат малку консолидирани, во исто време тоа навистина не беше политички пристрасно и тоа е важно.
Финска има и свој национален јавен сервис наречен Финска радиодифузна компанија кој е моделиран на примерот на Би-Би-Си и всушност има доста голема улога во довербата кон медиумите, бидејќи се смета за многу објективна во општеството. Мислам дека тоа е еден клучен елемент.
Но, мислам и дека Финска е, барем до некој степен, заштитена со јазикот. Финскиот е дел од многу мало јазично семејство на фено-унгарски јазици што има само околу 20 милиони говорници, па затоа е многу мал и има многу сложена граматика. Мислам барем досега беше многу тешко за машините да создаваат течни преводи на фински јазик што го прави многу тежок за странски актери да го претставуваат финскиотјазик во медиумите и социјалните медиуми. Тоа можеби беше бариера за дезинформациите и во Финска.
И конечно, високото ниво на доверба на населението е навистина важно. Дури 50% од Финците имаат доверба во својата влада 85% им веруваат на националните медиуми, на Финската радиодифузна компанија така што тоа е многу високо ниво на доверба во општеството и таа доверба помага да се справиме со некои од овие дезинформациски наративи.
Мислам дека добар пример за ова е кога балтичкиот конектор, гасоводот беше нарушен во Балтичкото море во близина на Финска. Владата одржа брифинг со новинарите и веднаш ги пресече сите крила на гласините и дезинформациите затоа што сите имаат доволно довербаво владата за да веруваат во тој наратив.
Ова веројатно е едно од најтешките работи за копирање. Градењето на таа доверба во општеството е многу важен елемент и за борба против дезинформациите. Но, морам да кажам дека сум исто така малку загрижен дека дури и финската отпорност може да биде сè повеќе и повеќе предизвик, особено по развојот на вештачката интелигенција и сите овие софистицирани јазични модели.
Многу од нив работат и на фински јазик и имаме експоненцијална доминација на вештачки создадени информации во медиумите и информативниот простор.
Ова дефинитивно ќе бара поефективно следење на медиумската средина, подобри контрамерки против дезинформации и можеби и поефикасно користење на вештачката интелигенција за спротивставување на дезинформациите и идентификување на фактите зад лагите.
Тоа е нешто што продолжува да се развива низ годините, не застана и не чекаше за ние да реагираме на некој начин?
– Мислам дека дефинитивно се развива значително и доказ за тоа е дека за време на европските избори оваа година Русија ширеше до 40 милиони реакции на различни видови наративи во медиумскиот простор и тоа навистина дава добра слика на обемот на предизвикот и многу од нив сигурно се создадени со вештачка интелигенција.
Останувајќи под прагот на војната
Како што спомнавте вие сте шеф за меѓународни односи во Хибрид центарот за извонредност и тоа е меѓународна мрежа од 36 земји вклучувајќи ги сите земји-членки на НАТО и сите земји-членки на ЕУ. Тие го следат овој пристап на целото општество кон спротивставување на хибридните закани. Можете ли да објасните малку подетално што ево фокусот на вашата работа и зошто е тоа важно? За какви закани зборуваме?
– Ние сме навистина задоволни поради тој вид на постигнување, на таа пресвртница на универзално учество на сите членки на ЕУ сите членки на НАТО. Постојат многу центри на извонредност на НАТО но Hybrid CoE е единственво здружувањето на ЕУ и НАТО. Тоа е всушност една од главните цели на нашата работа: ЕУ и НАТО заедно да работат против хибридните закани и нашата главна цел вонашата работа е да ги зајакнеме капацитетите на земјите-членки за спротивставување на хибридните закани.
Она што го мислиме под хибридни закани се во основа четирикратни стратешки дејствија од страна на непријателски државни или недржавни актери, а понекогаш недржавни актери работат во име на државни актери како полномошници.
Гледаме дека хибридните закани систематски ги таргетираат ранливостите во нашите општества. Тие користат широк спектар на различни синхронизирани средства како избегнување идентификација и атрибуција, останувајќи под прагот на војната. Во основа нашата работа не се однесува само на пристапот на целото општество или на сеопфатниот модел на безбедност, но дефинитивно е една од добрите практики и се однесува на многу различни домени и многу различни начини за справување со хибридни закани.
Поентата е дека за разлика од воените закани, хибридните закани се предизвик за многу делови од нашите општества а со тоа и идентификување на тие хибридни закани и особено спротивставување на истите бара пристап на цело општество и тоа преку целокупната власт.
Но и со вклучување на граѓанското општество, вклучување на приватниот сектор и така натаму. Некои закани на кои сме фокусирани вклучуваат дезинформации и психолошко влијание, сајбер напади, нови нарушувачки технологии, саботажа и во физичкиот домен но исто така во сајбер доменот, мешање во изборите, економско мешање, инструментализација на миграцијата итн.
Тоа е всушност многу широк список на различни видови на закани што ги гледаме и ние исто така набљудуваме конкретно некои од главните актери на хибридни закани, гледајќи ги хибридните закани во различни региони вклучувајќи го и Западен Балкан и така натаму. Навистина има многу различни опфати.
Хаос во општествата
Пред околу две години овде во Северна Македонија десетици училишта, повеќето од нив во главниот град Скопје, добија на нивните имејл адреси лажни закани со бомби. Ова траеше околу шест месеци, имаше стотици лажни закани и училиштата мораа многу често да се евакуираат, родителите се исплашија, целото општество беше вознемирено поради ова. И медиумите го искористија ова како двигател за критика на владата и намалување на довербата во државните институции. Дополнително, приближно во исто време, во февруари2023 година Фондот за здравствено осигурување беше хакиран преку напад со рансомвер, беа загрозени податоците на секој граѓанин, неговите здравствени податоци во основа. Можете ли да се каже дека овие два примери се дел од хибридните закани што работите да го спречите?
– Ова звучи како многу конкретен пример за хибридни закани и навистина сум среќен што го споменавте. Затоа што навистина го дава локалниот контекст на она за што зборуваме овде. Што навистина го прави хибридна закана од моја гледна точка е дека се чини дека е стратешки напад од страна на странски актер насочен кон општествените ранливости а тоа се некои од главните атрибути на хибридните закани.
Тоа навистина покажува и колкав хаос некои од овие хибридни закани може да предизвикаат во општеството – во овој случај го нарушуваат образованието, го заплашуваат населението, прават поделба на јавното мислење а исто така ја поткопуваат довербата во властите.
Тоа е навистина важен фактор во спротивставувањето на овие закани и веројатно не е случајно тоа што овие настани се случија набргу откако Северна Македонија го затвори својот воздушен простор за рускиот министер за надворешни работи и испрати и смртоносна воена помош до Украина. Овие се некој вид на настани што можат да предизвикаат такви хибридни закани и ние велиме дека поткопувањето на поддршката на Украина навистина се чини дека е една од непосредните цели и задачи на Русија во нејзината употреба на хибридни закани. Тоа се токму тие видови на закани за кои ги поддржуваме нашите земји-членки да се спротивстават.
И додека Северна Македонија сè уште не беше земја-членка на Хибрид центарот во тоа време, разбрав дека НАТО ја понудила својата поддршка во тој случај. Ова всушност е исто така навистина важен елемент за справување со хибридни закани: меѓународна соработка, соработката меѓу сојузниците е навистина од клучно значење кога се спротивставуваме на хибридните закани. Има голема симболика во тоа НАТО да биде сплотено во ваша поддршка.
Северна Македонија е членка на Хибридот Центар за извонредност околу една година ако не се лажам, но се чини дека и пред тоа не многу чекори беа преземени во однос на спротивставувањето на манипулациите со информации од странство, барем не јавно. Каде ја гледате улогата на малите земји како што е Северна Македонија во овој глобален напор?
– Навистина, како што споменавте, Северна Македонија се приклучи на Hybrid CoE во октомври ’23 така што тесно соработуваме оттогаш, веќе околу една година. Мислам дека се спротивставувањето на странските информации и манипулации е предизвик за повеќето од нашите држави учеснички со брзиот развој на алатките за вештачка интелигенција.
На пример, протокот на дезинформации експоненцијално се зголеми, има некои многу добри практики како да се спротивставиме на тие дезинформации но потребно е и многу време и пари. Навистина се потребни многу ресурси и знам дека многу земји ги зголемуваат своите способности за мониторирање на нивната медиумска средина, мониторинг на нивните информативни простори во некои случаи, вклучително и користење на некои од тие алатки за ВИ да се мапира медиумската средина, да се подобри идентификувањето на заканите и дезинформациските наративи во информативниот простор.
Мислам дека соработката со социјалните медиуми, со компаниите е исто така навистина важна бидејќи тие контролираат толку големи делови од медиумскиот простор и тие имаат одговорност да се спротивстават и на дезинформациите. Тие треба да ги сменат и нивните внатрешни политики, тие треба да соработуваат со владите при идентификување на дезинформации и да се спротивстават на тие дезинформации на пример со затворање налози.
Во случајот со Северна Македонија, имавме многу дискусии со сегашната, новата влада и се чини дека тие ја разбираат заканата многу сериозно и градат одбрана од дезинформации и манипулации со информации од странство.
Мислам дека се чини дека имаат и добар концепт кон заканата и се чини дека тие работат многу за да се спротивстават.
Пристап на целото општество во Северна Македонија
Се чини дека граѓанското општество овде во Северна Македонија е најактивно во спротивставувањето на дезинформациите. Ние како Фондација Метаморфозис,
ѝ предложивме на претходната влада сличен пристап на целото општество во борбата против дезинформациите. Тоа вклучуваше различни препораки за различни чинители кои се вклучени и тиего прифатија предлогот но ништо повеќе се случи околу него. Навистина е чудно бидејќи Финска е првана глобалниот индекс на медиумска писменост, а Северна Македонија е последназемја на тој индекс.
– Тоа е добро прашање, но навистина, како што споменав, барем според мене, и според моите разговори со актуелната влада, се чини дека тие имаат силен пристап за спротивставување на дезинформациите, се чини дека тие имаат силен интерес да го применат пристапотна целото општество за справување со дезинформациите и мислам дека ова е работа што наскоро ќе започне.
Гледам дека организациите на граѓанското општество имаат навистина важна улога во општеството при иницирање јавна дебата, покренување прашања пред владата и подигање на свеста за прашања како во овој случај, со спротивставување на дезинформациите. Но на крајот, сметам дека иницијативата мора да дојде од самата влада. Бидејќи за градење на овој пристап на целото општество потребна е голема соработка и координација со вклучување на граѓанските организации, изнаоѓање на вистинските начини за тие да бидат претставени на пример во оваа координација а исто така во некои случаи, на пример, со безбедносни сертификати за да може да пристапите до информациите.
Тоа е многу работа и мислам дека владата мора да има водство во таа работа но сметам дека иницијативи како вашата се навистина корисни за владата да им даде барем идеја за што граѓанското општество очекува од нив и како граѓанското општество би сакало да се вклучи.
Во извештајот којшто треба објави деновиве, констатираме дека има постојани напори за нарушување на меѓуетничките односите во земјата преку странско влијание. Можете ли да објасните зошто одредени теми се посклони да бидат злоупотребени од странски штетни актери? Која е целта на овие напори?
– Сега се навраќаме на она што го дискутиравме за тоа како гледаме на хибридните закани и како ги дефинираме и, како што реков, еден од елементите во хибридните закани обично е намерно таргетирање на ранливостите во општествата. Во случајот со Северна Македонија и исто така поширокиот регион на Западен Балкан овие меѓуетнички тензии секако се една од клучните ранливости кои можат да бидат злоупотребени од странски актери.
Додека во случајот со Северна Македонија, Охридскиот рамковен договор е доста отпорен, секако уште една од тие клучни слабости е процесот на интеграција во ЕУ кој е цел на различни видови на антизападни наративи низ целиот регион и исто така, создава ранливост во општеството што може да биде злоупотребена од некои странски актери.
Чувствувам дека причината зошто хибридните закани ги напаѓаат овие теми е тоа што тие се лесни мети за поттикнување несогласување во општеството, поделба на јавното мислење и навистина на некој начин го поткопуваат националното единство. Тоа им служи на сите цели на оние кои користат хибридни закани вклучувајќи, како што споменав, предизвици во носењето одлуки, се намалува поддршката за Украина, се намалува поддршката за процесот на интеграција во ЕУ и сите овие се цели на хибридните актери.
Нашите анализи покажуваат дека Русија сака да го задржи своето влијание во регионот на Западен Балкан и, секако, интеграцијата во ЕУ би ја поткопала таа севкупна цел на Русија и ова е една од причините зошто сметаме дека треба да дадеме сè од себе да се подигне свеста за хибридните закани и нивните цели кај пошироката јавност исто така. Така што луѓето би биле свесни за заканата и би биле одговорни да реагираат на некои од овие дезинформациски наративи. Сметаме дека одговорот на овие закани навистина бара широка свест кај јавноста, бара национално единство кое е многу силно и овде, бара висока отпорност во општеството, бара поддршка и од владата за дејствија против некои од овие закани но и добра координација и соработка.
Вашата иницијатива е добар пример за тоа и како што веќе реков, силни меѓународни партнерства, силни сојузи и тоа се секако некои од темите за кои се обидуваме да ги поддржиме владите на нашите земји-членки да се справат и да изградат отпорност.
Интервјуто со Тапио Писало го направи Горан Ризаов, ненаџер за програми – Медиуми за демократија и едукација за иновации во Фондацијата Метаморфозис.
Преземено од МЕТА.мк