Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Минатиот труд на носителите на изборните листи и програмата на СДСМ најавуваат реална остварливост на поставените цели

Секогаш кога се во прашање овој тип изборни најави и ветувања, јавноста се прашува колку се тие реални и засновани на одржливи и спроведливи политики. Одговорот на овие прашања може да се побара и во минатиот остварен труд на тие што ветуваат, но и во однос на новите ликови вклучени во изборната трка за новиот состав на парламентот и во формирањето на новата Влада.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Носителот на листата на СДСМ и коалицијата во првата изборна единица, претседателотот на СДСМ Димитар Ковачевски, на промоцијата на носителите на листите и на изборната програма на партијата и коалиционите партнери, порача дека „имаат јасен, конкретен и издржан план за иднината преточен во изборната програма“

Ковачевски истакна дека имаат конкретни мерки како во наредните четири години просечната плата да достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата да изнесува 600 евра или 37.000 денари. Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денарии уште од оваа година дополнителни 100 евра за секој пензионер во државата, рече Ковачевски осврнувајќи се на првите два столба од новата програма на СДСМ за изборите.

Во пораките кои призлегуваат од програмата и кои се однесуваат на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните, Ковачевски најави поддршка за секое прво вработување на лица до 26 години.

Ковачевски во обраќањето се осврна и на петтиот и шестиот столб, економија и инфраструктура и најави 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство, поттик на економскиот раст со 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции и со 2,7 милијарди евра во инфраструктурни проекти.

Зборувајќи за плановите а во земјоделството, Ковачевски истакна дека со новата програма се безбедуваат уште поголеми субвенции и поддршка за земјоделците од 750 милиони евра со проекција дека до 2028 година Македонија повеќе ќе извезува отколку што увезува храна.

Во однос на енергетските политики програмата на СДСМ и коалицијата предвидува зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70% до 2028 во однос на 2019 година и енергетска независност и целосна самостојност.

Говорејќи за европските фондови кои ќе бидат дополнителен поттик за македонската економија како деветти столб на програмата за избори на СДСМ, Ковачевски посочи дека со отворањето на поглавјата ќе обезбедиме дополнителни фондови за посилна македонска економија и за повеќе знаења и стручност.

Десеттиот столб во програмата е заедничкото чекорење кон Европа за кој претседателот Ковачевски истакна дека СДСМ ќе работи посветено на исполнувањето на двете цели – завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2023 година.

Секогаш кога се во прашање овој тип изборни најави и ветувања, јавноста се прашува колку се тие реални и засновани на одржливи и спроведливи политики. Одговорот на овие прашања може да се побара и во минатиот остварен труд на тие што ветуваат, но и во однос на новите ликови вклучени во изборната трка за новиот состав на парлементот и во формирањето на новата Влада.

„Заедно тоа ќе го направиме. Нема откажување од иднината“, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во обраќањето на 28 Конгрес на СДСМ, на кој беше презентирана програма и носителите на изборните листи.

Од тимот којшто ги предводи листите може да се „прочитаат“ многу индиции дали тоа што го ведува СДСМ е реално и остварливо.

Граѓаните на прво место

Во втората изборна единица носители на листата се Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи.

Во мандатот на Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи просечната плата во македонската полиција порасна за 41% и од 31.353 во 2016 се искачи до 44.367 во 2023 година.  

Уште една силна потврда оствареното во неговиот мандат се инвестициите од17 милиони евра во 80 реконструирани објекти на МВР низ државата, 14 милиони евра за опрема и униформи и исплаќањето бонус плата за сите службеници во министерството што ги оствариле усвловите

Фатмир Битиќи, заедно со премиерите Заев и Ковачевски и останатиот дел од економските ресори, ја понесе работата на донесување на антикризните мерки кога земјата беше погодена од Ковид панедмијата, економската и енергетската криза

Во услови на глобална неизвесност, затегнати финансиски услови и забавување на економскиот раст, фискалната политика, а воедно и овој пакет на антикризни мерки, мерките беа насочени кон поддршка на економскиот развој и поддршка на ранливите категории на граѓани.

Во декември беше донесен последниот најнов пакет со 23 антикризни мерки вредни од 662,4 милиони евра, од кои 123,7 милиони евра се со директни фискални импликации, додека останатите со индиректни, а распоредени се во две фискални години. Заедно со претходните антикризни вкупната вредност на мерките за граѓаните и компаниите достигна повеќе од 1,2 милијарди долари.

Во третата изборна единица носителка ќе биде заменик претседателката Сања Лукаревска и Љупчо Николовски како коносител.

Сања Лукаревска, како директорка на Управата за јавни приходи покажа колку е значајно да се следат движењата и навремено да се преземаат мерки со цел навремено и соодветно да се обезбедат средства за потребите планирани во државниот Буџетот за да се одржува потребната динамика за потребите на граѓаните, особено во социјалната сфера.

Во 2023 година УЈП, во ноември, оствари вкупен приход од 10 милијарди денари, што е реализација од 111,76 отсто од планираниот вкупен приход тој месец. Овој износ е повисок за 11,76 отсто во однос на планираниот приход за ноември од 8.994.000.000 денари и за 42,55 отсто повисок во однос на остварениот приход во износ од 7.051.623.104 денaри за истиот период од 2022 година.

По однос на видови на даноци, УЈП остварена е повиска наплата за 2,25 отсто од планираното кај данокот на личен доход, за 17,47 отсто повисока наплата од планот има и кај ДДВ, и за 2,07 отсто повисока наплата од планираната е остварена кај данокот на добивка.

Сања Лукаревска дава исклучителен придонес и во активностите поврзани со родовата еднаквост и за поголема економска самостојност на жените

Долга е листата на остварени мерки на првиот земјоделец Љупчо Николовски. Во неговиот мандат тој беше постојано на терен со земјоделците и секоја мерка беше креирана заедно со земјоделците.

Само како дел од оствареното, последната цена на тутунот достигна 365 денари, пред неколку години беше 127 денари. Едно време субвенцијата беше 60 денари линеарно, а сега тутунарите имаат можност да добијат и 100 денари за прва класа .

Субвенциите за ориз во 2016 година беа 6.000 денари, денеска се минимум 18.000 денари по хектар. Откупната цена беше 11 денари, денес е над 40 денари.

Во Македонија малите семејни винарии станаа успешна приказна, а резултатите од мерките тоа го потврдуваат. Благодарение на политиките во оваа дејност има рекордна бројка од 173 регистрирани мали семејни винарии, кои може да се сретнат насекаде низ државата.

Со вкупно 255 регистрирани винарски визби во државата станавме први во регионот по извоз на вино и 13 во светот по остварен девизен прилив од извозот на македонското вино.

Континуитет за социјална правда и за европско здравство

Во четворката се Венко Филипче и Јована Тренчевска.

Венко Филипче се враќа во политиката, а силниот аплауз на Конгресот на СДСМ потврди дека тоа е добра одлука.

Освен како врвен хирург, кој не се откажа од таа своја примарна дејност, се памети и како успешен министер за здравство кога секоја одлука што ја носеше беше исклучиво во интерес на здравјето и заштита на граѓаните. Граѓаните заслужуваат најдобра медицинска нега, постојано нагласуваше Филипче, а здравствените работници достојни услови за вршење на нивната дејност.

За време на неговиот мандат го врати достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти се зголеми за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани,  а на младите колеги специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест достоен за нивниот труд.

Јована Тренчевска ги изнесе најобемните и најкориски реформи во социјалната сфера во полза на граѓаните.

Како една од клучните учесници во социјално-економскиот дијалот до синдикатите и работодавачите, за време на нејзниот мандат минималната плата достигна 22500 денари, наспроти на ветувањата на ВМТО-ДПМНЕ за 18000.

Гарантирана минимална помош за семејство со 5 или повеќе членови во 2016 година изнесуваше 7022 денари, а во 2023 година изнесува 16361 денари. Дополнително преку Министерството за труд и социјална политика се исплаќаат финансиска поддршка за учениците во средно 1800 денари и за учениците во основно училиште 1200 денари.

За време на мандатот на Тренлевска, на социјално ранливата категорија граѓани освен со трикратно повисоката гарантирана минимална помош, им следуваат и палета на права и услуги од социјална и детска заштита.

Со заштитен македонски идентитет и во друштво на НАТО

Во петката носители на изборната листа на СДСМ се претседателот на Собранието Јован Митрески и министерката за култура и потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

Со пратеничкиот стаж и искуството како координатор на пратеничката група на СДСМ, Митрески е еден од најподготвените пратеници на Собранието. За Митрески не само во неговата пратеничка група, туку и во опозициските пратенички групи, а и меѓу службите во Собрание и медиумите, се зборува со позитивен тон, се карактеризира како одговорен професионалец секогаш подготвен на дијалог и компромис.

Богатото пратеничко искуство како предуслов за да му биде дадена довербата да го води Собранието до почетокот на изборите 2024.

Бисера Костадиновска Стојчевска за време на нејзиниот мандат се фокусираше и на афирмацијата на македонските идентитетски прашања. Во листата на нејзините активности е запишано донесување на Законот за македонски јазик за дополнително чување и негување на македоснкиот збор. Од мерките, ако треба да се издвојат неколку, треба да се спомене издавањето на нови дела од наши автори напишани на македонски јазик од коие поголем дел се преведувани на повеќе странски јазици и претставуваат наши книжевни амбасадори. Така го афирмираме македонскиот јазик и посебноста на идентитетот. Во 2024 година се одобрени 360 публикаци со над 40 милиони денари поддршка како стожерот на македонската култура и на нејзината промоција дома и во странство.

Со последното, септемвриско покачување, платите во културата од 2021 година до денес се поголеми за 43%, а растот на платите е пропорционално еднаков за сите културни работници, така како што вработените во културата го заслужуваат.

Во шестата изборна единица листата ја предводи министерката за одбрана и претседавачката на ЦО на СДСМ Славјанка Петровска, а коносител ќе биде Агрон Демири.

Армијата на Република Северна Македонија точно три децении е стожерот на нашата државност, стабилноста и безбедноста на секој од нас, дел од најмоќниот воено-политички сојуз, Армија која секој граѓанин ја смета за своја.

Славјанка Петровскавели дека навистина имаме на што да бидеме горди: Изгласан Законот за служба во Армијата со широка поддршка, во соработка со сите чинители, голем чекор напред во подобрување на местото и условите на секој еден војник во нашето општество.

За Министерката за одбрана приоритети беа надградба на одбранбениот систем со набавка на нова и модерна опрема и со силна валоризација на трудот на секој вработен во одбраната и Армијата.

За време на нејзиниот мандат, по 32 години, за прв пат е донесен Закон за вработените во одбраната со кој се подобрува стандардот и статусот на вработените, коишто со нивната професионалност и нивната посветеност овозможија нашата држава да стане членка и целосно да се интегрира во Алијансата.

Младиот Агрон Демири, коносителот во изборната единица со број шест е познат младински активист кој верува дека во младината е силата, а младите се тие кои треба да ги се изнесат вистинските вредности во општеството.

Гимназија завршил во Тетово, а сега е магистрант по право на Универзитетот во Југоисточна Европа. Бил претседател е на Студентскиот парламент и здружение како и член на Сенатот на Универзитет на Југоисточна Европа (ЈИЕУ).

„Концептот на стабилна и безбедна земја, концептот на едно општество за сите ми се мотив плус, а од ова враќање назад нема, ќе продолжиме напред заедно со сите прогресивни сили. Цврсто верувам дека младите имаат клучна улога во сите овие процеси и ова е можност да покажеме дека младите можат да бидат голема свежина на политичката сцена во државата“, вели тој.

За него нема друга алтернатива освен Европската Унија. Секоја друга алтернатива е погубна за државата.

Овој профил на носителите на листите на СДСМ ја потврдува таа визија дека нема друг пат освен европскиот, со што на граѓаните им нуди избор за континуитет и надеж за подобра, европска иднина.

Зачлени се на нашиот е-билтен