Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Ќе продолжат субвенциите за струјата, целта е да се заштитат најранливите категории на граѓани

„Кога се постави новиот модел за тарифирање на електричната енергија, целта ни беше да ги заштитиме најранливите и поголемата категорија на граѓани да нема голем удар од зголемувањето на цената. Субвенцијата е поголема таму. Струјата е се уште субвенционирана и ќе продолжи да биде така“, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во утринската програма на МТВ.

Тој додаде дека се додека не креираме доволно домашни капацитети за евтина електрична енергија ќе продолжи цената на струјата да биде субвенционирана.

„Со мерките кои ги почавме лани и навиките за заштеда ефектот е добар. Оптимист сум дека ќе биде субвенционирана цената и следната година и таа нема да удри по крајниот потрошувач, освен тие кои трошат најмногу, во третиот и четвртиот тарифен модел, односно побогатите, за кои сметам дека треба да си ја платат пазарната цена“ рече Битиќи.

Вицепремиерот исто така најави дека месецов ќе биде промовиран и новиот пакет на антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон потребите на најранливите категории на граѓани.

Тој додаде дека најголема потреба од мерки има за пензионерите, каде што се помага и со реформите во пензискиот фонд, односно новата методологија за усогласување на пензиите, но поради продолежанта економска криза потребни се и дополнителни мерки.

„Затоа сметам деак поголем дел од мерките ќе отидат за пензионерите. Но и за другите целни групи. Имаме предвид дека мерките мора да го имаат сегментот на солидарност и да бидат правични“ рече Битиќи.

Вицепремиерот рече дека на најранливите категории треба да им се помогне пред празниците и дека се прават анализи за гарантираните цени на производите.

„Ги слеиме состојбите и реакциите доаѓаат и од самите трговци. Побараа да се укине забраната за акции на производи, бидејќи тоа им дозволува да се поевтинат производите. Тоа ни покажува дека бевме во право кога велевме дека има вештачко подигнување на цените, бидејќи сега може да се прави акција и на производи со гарантирани цени“, рече Битиќи.

„Со Законот за солидарен данок воведовме нов данок за една година и кажавме дека тие средства се за антикризни мерки за граѓанит. Сметаме дека изминатата годиан беше кризна и тешка и компаниите треба да вратат назад и да покажат општествена одговорност. Тие успеале да направат екстраординарни приходи во такви услови“, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Критериумот за плаќање на солидарниот данок е остварување на дополнителен раст над 20% од вообичаеното, а не се оданочуваат компаниите кои имаат вообичаен раст.

„Затоа се опфатени само 150 компании. Данокот за солидарност не е казна, бидејќи тогаш ќе се постави и прашањето дали тие што креирале таков профит минатата година, не ги казниле крајните потрошувачи и граѓаните. Имаме 70 илјади регистрирани правни субјекти во државата, а ние зборуваме за бројка од 150 компании кои се опфатени со данокот“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека овој данок се применува само еднаш оваа година и дека е креиран следејќи ги практиките во земјите-членки на ЕУ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира