Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Успех за паметење: Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров европски шампионки во 2002

На денешен ден пред точно 22 години, осносно во 2002 година, Кометал Ѓорче Петров во реванш-финалниот натпревар од женската Лига на шампиони го совлада Херц и конечно стана европски шампион.

Кометал славеше уште на првиот натпревар во Унгарија со 27:25, а реваншот под Кале го доби со четири разлика, односно 26:22 на огромна радост на публиката која ја исполни салата до последното место. На плоштадот „Македонија“ во Скопје на голем видео-бим натпреварот го следеа сите оние кои не успеаја да набават билет, а и покрај дождот атмосферата беше одлична.

Во таа златна генерација во македонскиот ракомет играа Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Олга Бујанова, Луминица Дину, Наталија Малахова, Андријана Будимир, Лариса Киселова, Анжела Платон, Милева Велкова, Мирјана Чупиќ, Оксана Плошчинска, Ана Андрјушенко, Ирина Калиниченко и Елена Златановска.

Клубот беше спонзориран од Трифун Костовски кој беше најзаслужен за создавањето на тимот.

Тоа беше второ финале за Кометал откако првото во 2000 година го загуби од австриски Хипо. Во 2005 по трет пат стигна до финалето, но загуби од дански Слагелсе.

Покрај шампионската, Кометал ЃП има и две вицешампионски титули во сезоните 1999–00 (пораз од Хипо) и 2004–05 (пораз од Шлагелсе). Во 2002 година, Кометал ЃП го освоил европскиот суперкуп.

По заминувањето на главниот спонзор, управата на клубот одлучила клубот да згасне, а тоа се случило на 16 септември 2011 година.]

По згаснувањето на клубот, бил формиран нов клуб со првичното име ЖРК Ѓорче Петров од страна на Владимир Радиќ, кој долги години бил дел од стручниот штаб на Кометал Ѓорче Петров. На прославата на 20-годишнината од освојувањето на европската титула на Кометал Ѓорче Петров, поранешниот спонзор на клубот, Трифун Костовски и претседателот Иван Бојков ги предале титулите на новоформираниот ЖРК Ѓорче Петров, кој станал наследник на спортскиот континуитет и постигнувања на поранешниот европски првак Кометал Ѓорче Петров.

Треба да знаете
Moже да ве интересира