Трамп запрашан за растот на неговото богатство одговори: Па на сите им порасна богатството

Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека речиси воопшто не ги следи сопствените финансии, одговарајќи на новинарско прашање за растот на неговото лично богатство за три милијарди долари откако повторно стапи на должност. На констатацијата дека неговиот имот значително пораснал, Трамп одговори дека вредноста на берзата пораснала за сите.

Во интервју за емисијата „60 минути“, новинарот посочи на проценките според кои богатството на Трамп се зголемило за три милијарди долари за време на неговиот мандат во Белата куќа. Откако Трамп возврати дека берзанскиот раст им донел добивка на сите, новинарот напомена дека тоа не важи за сите граѓани и додаде дека тој лично не заработил три милијарди.

„Требаше да имате акции“, му одговори Трамп.

Претседателот на САД тврди дека не посветува време на управувањето со сопствениот имот и дека бизнисот целосно го водат неговите синови. Тој изјави дека има пари повеќе од кога било порано, но дека не разговара за финансии со синот кој е задолжен за семејните зделки.

„Воопшто не ми е грижа за тоа. Имам многу пари, далеку повеќе отколку што некогаш мислев дека ќе имам. Претпоставувам дека вредноста пораснала, не знам ни самиот. Имам син кој е чесен, тој се грижи за парите и јас со него за тоа воопшто не разговарам. Имав многу кеш уште од пред да дојдам овде, а и не земам претседателска плата“, рече Трамп.

Трамп ги отфрли критиките за судир на интереси и обвинувањата дека ја користи претседателската функција за бизнис-погодности, истакнувајќи дека неговите инвестиции се распределени во широки берзански индекси. Како аргумент додаде дека компанијата постои со децении и дека не е реално од неговите синови да се бара да го замрзнат бизнисот додека тој е во Белата куќа.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?