Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

ФОТО: Јордан Серафимов

„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ беше една од пораките на денешниот марш „Ниту една повеќе!“ во Скопје. Повод беше смртта на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци. На 30 септември таа пријавила физички напад, а на 16 октомври судот изрекол привремена мерка за заштита. На 3 ноември Билјана беше пронајдена мртва.

На маршот се зборуваше за седум фемициди годинава. Учесниците побараа да се утврди како постапувале институциите во случајот на Билјана и да се усвојат законски измени за поефикасна заштита.

Во март Собранието го одби предлогот за електронски надзор на сторителите на семејно насилство. Во октомври МОН ја замени гимназиската програма за сеопфатно сексуално образование со „Здравје и заштита на здравјето“. Новата програма опфаќа согласност и сексуално насилство, а од неа се изоставени поимите „родова рамноправност“ и „родово базирано насилство“.

Рацин.мк ве прашува каде, според вас, е најголемиот институционален пропуст во спречувањето на фемицидите и во заштитата на жените што пријавуваат насилство.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?