ВИДЕО Битиќи за „Реално“: Она што го ветуваме, го остваруваме, просечната плата до 2028 година ќе биде 1.100 евра

Она што сме го ветиле во 2020, денес во 2024 година е исполнето во целост, а доста од тоа е и надминато, порача во интервју за „Реално“ за 24инфо.мк, вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи.

„Затоа се влегува во политиката, да ветиш и да исполниш. Сме ветиле дека просечната плата ќе биде 34.000 денари, а сега е 40.000 и ветуваме дека до 2028 година ќе биде 1.100 евра, сметам дека никој нема да има алиби да каже овие ветуваат ама не исполнуваат, и велиме дека во првата година по влезот во ЕУ, таа ќе биде 1.300 евра. Исто е и со минималната плата, ветивме дека ќе биде 20.000, а пред некој ден се донесе одлука дека таа е 22.500 денари и велиме дека таа ќе биде 600 евра до 2028. Сфативме дека мора да бидеме храбри, дека граѓаните мора да живеат достоинствено и мора да одговорат на сите предизвици за да имаат подобар животен стандард“, вели Битиќи.

Во однос на Конгресот и листите за пратеници, Битиќи кажа дека не се точни наводите на одредени медиуми дека имало некакви кавги и тензии на Конгресот.

„Во СДСМ има многу добри луѓе, луѓе кои можат да придонесат. Листата на номинирани кандидати беше преку 1.200 и секогаш кога треба 10% од нив да се најдат на листата, тогаш изборот е тежок. Сметам дека овој збир на листата е збир на искуство, знаење и вредности и мислам дека само овие три работи можат да сочинат добра листа“, рече тој, додавајќи дека листите се оптимални и можат да го донесат најдобриот изборен резултат.

Битиќи посочи дека во опозицијата, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека тоа се покажало и на локално ниво каде доминантно власт има ВМРО-ДПМНЕ и каде ништо не е направено, а СДСМ на овие избори ќе настапи со програмска понуда која е далеку подобра од останатите понуди.

Во продолжение погледнете го целото интервју на Мишко Иванов со Фатмир Битиќи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира