Битиќи: Стево е симбол на интегритет, гласот за него е глас за човек кој го држи зборот, глас за голем работник, да го поддржиме!

„Зошто да гласам за Пендаровски?, прашува еден граѓанин, извесен Милан, на кој вицепремиерот Фатмир Битиќи му се јавува телефонски да побара поддршка за Пендаровски.

Битиќи вели дека не се јавува во улога на вицепремиер и дека се јавува да го потсети на престојните претседателски избори и посочува:

„Затоа што верувам дека гласот за Пендаровски е глас за европска Македонија. Верувам дека тоа е глас за човек кој го држи зборот, и тоа е глас за голем работник. И секако еден од најдобрите претставници на нашата Македонија,“ вели Битиќи на видеото каде што  телефонски разговора со граѓанинот.

 Битиќи додава, дека Стево е симбол на интегритет, и затоа треба да го подржиме.

„Стево е дефинитивно најдобриот избор за шеф на државата. Така што сметај на мојот глас“, одговара од другата страна Милан.

Битиќи му посочува да им ја  пренесе пораката на  сите негови роднини, пријатели и колеги.

„И да излеземе и гласаме за Стево, и да продолжиме со добрата работа уште еден мандат“, порачува Битиќи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира