Црна Гора ќе затвори уште три поглавја во преговорите за пристапување кон ЕУ

Црна Гора

Во четврток, 19 ноември, во Брисел ќе се одржи меѓувладина конференција на која се очекува Црна Гора привремено да затвори дополнителни поглавја во преговорите за пристапување кон ЕУ, пренесува RTCG.

На конференцијата се очекува привремено да бидат затворени три поглавја: Поглавје 14 (Транспортна политика), Поглавје 15 (Енергетика) и Поглавје 22 (Регионална политика и координација на структурните инструменти).

Се очекува постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ да го одобрат затворањето на овие поглавја на состанокот што ќе се одржи во среда, 18 ноември.

На претходната меѓувладина конференција, одржана во Брисел на 6 ноември, Црна Гора привремено затвори две преговарачки поглавја: Поглавје 1 – Слободно движење на стоки и Поглавје 12 – Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика.

Со ова, вкупниот број на привремено затворени поглавја достигна 23, од вкупно 33 поглавја во преговорите на Црна Гора за пристапување кон ЕУ.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?