Во емисијата „Интервју на Шења“, новинарот и шеф на здружението „Цивил“, Џабир Дерала, рече дека Северна Македонија е пример за тоа како функционира пропагандата, пренесе Zoom.mk.
„Ние сме пример. Со тоа што имајте предвид дека, ние сме само спунтот од она што се случува во Србија“, рече Дерала.
Дерала рече дека во Србија има цел еден државен апарат, со седиште во владата и кабинетотот на претседателот Вучиќ, освен Спутник и РТ како медиуми, кои се во функција на руската пропаганда. Toj го посочи и шефот на контраразузнавањето, Вулин, кој е на црната листа на САД, заради овозможување на малигното влијание на Русија во Западен Балкан.
„Да беа само РТ и Спутник, тие досега ќе беа збришани, но вие имате сериозни државни и системски ресурси, кои се употребуваат и ги охрабруваат медиумите да спроведуваат максимална руска пропаганда не само во Србија, туку да ги шират низ целиот регион“, рече Дерала.