Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дезинформација е дека се казнети „тигрите“ кои го приведоа внукот на Али Ахмети

Партиски бот на ВМРО-ДПМНЕ, извесен Мишко на социјалната мрежа Х објави дезинформација дека полицајците кои го фатија Дрин Ахмети, вукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со пиротехнички средства добиле прекоманда како казна.

„Тигрите што го уапсија внукот на Али за пиротехника биле распределени на друго место… како казна! Замисли уште биле казнети дека го фатиле… оф до кај дојдовме!“, гласи дезинформација објавена од Мишко.

Истиот партиски бот постојано споделува партиски соопштенија, изјави, ставови на ВМРО-ДПМНЕ. „Специјалност“ му е ширење пропаганда против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Претходно, и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошевски, наместо да ја поздрави успешната акција на МВР, тој на Фејсбук објави ироничен статус кој гласи: „Доколку Спасовски не нареди полицаецот што го уапсил Дрин Ахмети (ДУИ) сам да се “удри во пајакот”, тогаш ова е членот (396) од Кривичниот законик што треба да се примени“.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за пронајдените пиротехнички средства во возилото на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети од Зајас, истакна дека се преземени сите потребни активности од полициски аспект и понатаму Јавното обвинителство треба да оцени како ќе постапува со овој случај.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека со Дрин Ахмети се постапува како и со секој што е фатен со петарди.

„Мојот став е така како што е од институциите, дека се работи за регуларна проверка во која било идентификувано лице коешто пренесувало пиротехнички средства“, рече Ковачевски.

ЦМТ

Зачлени се на нашиот е-билтен