Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Едлира Палоши Диша за „Полиграф“: Дезинформациските кампањи се активни особено во изборните периоди

Во емисијата „Полиграф“ на ТВ Алсат гостуваше експертката за дезинформации Едлира Палоши Диша од Универзитетот на Југоисточна Европа, која зборуваше за најчестите теми за кои се шират дезинформации, како и за најдобрите начини на кои граѓаните можат да ги препознаат и да се заштитат од нив.

Полиграф: На кои теми се забележуваат најмногу дезинформации, и дали неодамна ви се случило вам да забележите некоја дезинформација или некоја лажна вест?

Едлира Палоши Диша:  Денес сме сведоци дека информативниот простор или подобро речено јавниот дискурс е исполнет со неточни информации од различен тип и ја попречува конструктивната и објективна дискусија со различни гледишта за теми што се важни и чувствителни прашања за општеството. Дезинформациските кампањи се доста активни, особено за време на избори и особено во чувствителни моменти за државата.

Треба имате предвид дека дезинформациските кампањи се добро оркестрирани и планирани измамнички информации кои имаат за цел да ја продлабочат поларизацијата во едно општество, да го поткопаат демократскиот процес на една земја и да ја намалат довербата на граѓаните во државните институции и во медиумите. Темите кои се опфатени во оваа манипулативна мрежа варираат од политика, економија до здравство, како што беше случајот со Ковид-19, но поважно е да се спомене дека ефектот од сите овие манипулации е сеење недоверба кај граѓаните.

Наративите кои во последно време се чини дека имаат подбуцнувачка цел се повеќе од политички карактер, како што се идентитетските прашања, прашањата за државноста или меѓуетничките односи, како на пример „бугаризација на Македонците“ или „преземање на државата од страна на Албанците“. Разните меѓународни извештаи, но и тие кај нас, покажуваат дека овие малигни кампањи се интензивираат за време на изборните периоди. Како што спомнав погоре, таков е случајот со уставните измени, или како што беше случајот со референдумот, Пописот на населението или Шарената револуција.

Полиграф: Значи, слободно можеме да кажеме дека овие дезинформации ги наоѓаме во секоја сфера од животот…

Едлира Палоши Диша: Точно, да!

Полиграф: Но, бидејќи граѓаните секојдневно консумираат информации, од првите моменти кога ќе се разбудиме до последните моменти кога се подготвуваме да го завршиме денот, кој е најлесниот начин за еден граѓанин да открие дека, всушност, тој е, да речеме, жртва или дека паѓа во замката на дезинформациите?

Едлира Палоши Диша: Сега веќе има различни проекти кои зборуваат за медиумска писменост на сите слоеви на општеството, почнувајќи од основното образование, и за тоа како граѓаните треба да им пристапуваат на информациите на интернет. Односно, од проверка на изворот, проверката на датумот, на фотографијата, на текстот, исто така програми кои создаваат вештини за разликување факти од мислења, избегнување наслови каде што се користи јазик, емотивен или сензационален речник, кој главно поттикнува или ги интензивира негативните чувства кај граѓанинот.

Она што е важно да се посочи тука е дека ако го анализираме прашањето за подложност на дезинформации на индивидуално ниво, мора да ги земеме предвид, секој од нас, оние когнитивни бариери – како што е когнитивната потврда, една наша несвесна состојба што нè води до примање или барање информации кои ги потврдуваат нашите претходни верувања. Во тој случај, ние не си дозволуваме, или се лишуваме од добивање информации со различни перспективи, при што дозволуваме создавање на тие ехо комори.

Интервјуираше: Ера Ѓакова

(СМК)

Најново